1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страдањата на семејството Генч од Солинген

Карин Јегер/ Симе Недевски29 мај 2013

Во ноќта кон 29 мај 1993. четири лица, поттикнати од расистички побуди, ја запалија куќата на семејството со турско потекло Генч во Солинген. Пет девојчиња и жени загинаа во огнот. Семејството Генч остана во Солинген.

https://p.dw.com/p/18fh1
Фотографија: DW/K.Jäger

Мевљуде Генч научила да живее со болка. Денеска (29.05) се навршуваат точно 20 години од ноќта кога во пожар загуби пет члена семејство: внуките Хулиа (4) и Саиме (9), Гулустан (12) и двете ќерки - Хатиџе (18) и Гурсун (27). Тогаш 15-годишниот син Бекир преживеа скокајќи од прозор. Тешко повреден, помина 22 дена во кома и беше безброј пати опериран. Белези и лузни од изгореници на лицето ќе носи до крајот на животот. Тие беа жртви на еден од најгрозоморните расистички мотивирани напади во историјата на повоена Германија.

Три дена пред нападот, германскиот Бундестаг донесе одлука за промена на законот поврзан со азил. Според неа, во иднина во Германија би требало бројот на баратели на азил масовно да се намали.

Мевљуде Генч до тој момент во Германија живеела веќе 20 години. Дошла со сопругот Дурмус кој нашол работа во Солинген. И кога ја пронашле куќата на улицата Унтере Вернерштрасе 81, ги довеле децата од Турција кои дотогаш живееле кај бабата и дедото. Мевљуде Генч работела како чистачка. До атентатот, во Германија, како што кажува, не стекнала никакви лоши искуства.
Уште пред да биде извршен нападот на семејството Генч, во Германија се случилја неколку слични, расистички мотивирани атентати: во септември 1991. во Хојерсверде, во август во Росток-Лихтенхаген и во ноември во Мелн. И нешто подоцна, пожар ја зафати куќта на семејството Генч во Солинген. Неколку дена подоцна уапсени се четворица мажи на возраст од 16 и 23 години. Живееле во соседството, а нивен мотив била омразата кон странците. Осудени се на затворска казна меѓу 10 и 15 години. Двајца од нив поради добро однесување се привремено пуштени на слобода.

Живот во вечна тага

Новинарите сега, 20 години подоцна, од Мевљуде Генч би сакале да слушнат што таа мисли за Нацоналсоцијалистичкото подземје и судскиот процес кој штотуку започна во Минхен, за тоа како му е на нејзиниот син денес и како поднесува толкава болка. Но, таа молчи. За сето тоа не сака да зборува. И по неколку минути, вели дека се чувствува добро, им благодари на новинарите што дошле и на сите други кои во изминатите 20 години и‘ пружиле помош и поддршка. Еднаш неделно Мевљуде Генч оди на местото каде што изгореа нејзините деца и внуките. Тие се закопани во Турција, а вака, таа има чувство дека ги посетува на гробот.

Familie Genc Solingen
Семејството Генч: синот Камил, мајката Мевљуде и таткото ДурмусФотографија: DW/K. Jäger

На тоа место денес растат 5 стебла див костен, за секој убиен член од семејството по еден. Тука е и спомен плочата. Нејзините внуци вели починале од последици од вдишување чад, самата помисла некој да страда во пожар е страшна, а за деца престрашна.

Апел за мирен соживот

Семејството Генч денес се' уште живее во Солинген, на една „жива“ улица. Нивната нова куќа, која ја купиле од парите кое им ги исплатиле осигурувањето и донатори, е оградена со метална ограда на која се поставени видео камери. Во случај на пожар, прозорците во куќата автоматски се отвараат. Инаку, отштетата или парите за претрпена болка и страдање од сторителите никогаш не ги добиле. Но, и покрај тоа, како што велат, често морале да слушаат како некои кажуваат дека „живеат во куќа со базен“. „Се' се тоа предпоставки. Нам луксузот не ни е важен. Мене ми е важно почитувањето“, вели Мевљуде.

Deutschland Geschichte Kapitel 5 1989 – 1999 Brandanschlag in Solingen
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

Таа вели дека нејзината вера и‘ дава сила и оти смета дека мирниот соживот е најголемата добрина што може да се има. Вели дека сите луѓе се исти, независно од нивното потекло и верска припадност. Во Германија владее законот и Мевљуде има голема доверба во државата. „Сторителите одлежаа чесна казна и за се' друго ќе одлучува Господ“, вели Мевљуде. Таа апелира до соседите да негуваат добри односи меѓу себе.