1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студената војна се враќа?

СЦ/сн/ртр/дпа/со/вамс21 јуни 2015

Рускиот претседател има намера да го зголеми атомскиот арсенал, НАТО за првпат по многу години ќе расправа за неговите стратешки опции за нуклеарно одвраќање. Недовербата е огромна.

https://p.dw.com/p/1FkSo
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Првиот човек на Кремљ постојано уверува дека не постои интерес за нова трка во нуклеарно вооружување, ако поради ништо друго, тогаш поради трошоците. Имајќи ја предвид конфронтацијата во Украина, меѓутоа, Владимир Путин се закани дека ќе го зголеми нуклеарниот потенцијал за најмалку 40 интерконтинентални балистички ракети. НАТО, според различни извештаи, пак наредната недела ќе расправа не само за стационирање на тешко вооружување во земјите-членки во источна Европа, туку повторни и за нуклеарната стратегија наспроти Москва.

Основа за разговорите на министрите за одбрана на членките на НАТО е таен документ, кој го има изготвено раководството на Алијансата, јавува германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ повикувајќи се на изворин во седиштето на НАТО, во Брисел. „ Многу сме загрижени поради нуклеарната стратегија на Москва. Атомското оружје во новата руска стратегија на т.н хибридна војна игра значајна улога“, витира весникот висок дипломат на Алијансата.

Западниот одбранбен сојуз, според овој дипломат, интензивно ќе анализира, како Русија во актуелнава ситуација би можека да го користи атомското оружје, колкава е нуклеарната способност на Москва и какви заклучоци би можела од тоа да извлече НАТО. Советувањето на министрите за одбрана во наредната недела би требало да биде само почеток во сето тоа. Сѐ уште е отворено, дали Алијансата долгорочно ќе развие кохерентна стратегија за одвраќање, која покрај конвенционални ќе вклучува и нуклеарни способности“, пишува „Велт ам Зонтаг“

Нуклеарно вооружување на Запад?

Информативниот портал „Шпигел онлајн“ извести дека САД веќе размислуваат за стационирање на нуклеарни крстосувачки ракети земја- воздух-земја како реакција на наводната повреда на договорот за атомско разоружување преку руските ракетни тестови. Сојузниците во Европа имаат недвосмислени задршки. На состанокот на министрите за одбрана на НАТО на почетокот на февруари, министрите на Германија и на Франција во основа се изјасниле против таква реакција. Згора на тоа во бројни европски НАТО-членки меѓу нив и Германија постојат големи дупки во борбената готовност на армиите, што се должи пред сѐ на кратењето на буџетските издатоци за одбрана, поради финансиската и економската криза во Европа. По избувнувањето на украинската криза дојде до промена на трендот и буџетите за одбрана се зголемуваат, но дупките во безбедносните капацитети нема да можат да бидат затворени брзо.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема