Супермесечина над Скопје
17 октомври 2016Ткн. супермесечина го осветли Скопје во текот на минатата ноќ. Оваа појава на Месечината уште се нарекува и ловечка месечина затоа што изгрева порано од вообичаеното и овозможува повеќе светлина во текот на 24 часа, што пак им е од корист на традиционалните ловци. Терминот потекнува од домородните северноамериканци. За супермесечина се смета феноменот кога полната Месечина ќе се случи во период кога Месечината е најблиску до Земјата.
Годинава супермесечини се очекуваат и во ноември и во декември. Според најавите, ноемвриската супермесечина ќе биде најголемата полна Месечина во овој век.
Во август 2014 година над Скопје беше сликана уште една супермесечина, тогаш се работеше за ткн. Перигеј (најблиската точка меѓу Земјата и Месечината) Месечина.