1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи нема лесно да најде коалиционен партнер

ЕМФ/афп/бета9 јуни 2014

Партијата на Хашим Тачи доби најголем број гласови на предвремените парламентарни избори на Косово. Составувањето влада, меѓутоа, нема да биде лесно.

https://p.dw.com/p/1CEub
Фотографија: Reuters

Демократската партија на Косово (ДПК) на Хашим Тачи освои 31,21 проценти гласови, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово. Тачи е исправен пред трет премиерски мандат, но потрагата по коалиционен партнер нема да биде лесна.

Најголемата опозициона партија, Демократската лига на Косово (ЛДК), според податоците на ЦИК по пребројани 94% од гласовите, освоила 26,31% гласови. Според ова, ПДК во парламентот би имала 35 од вкупно 120 места, додека ЛДК си обезбеди 30 пратенички места. Националистите на Самоопределување ќе имаат 15 пратенички места, а Алијансата за иднината на Косово (ААК) ќе биде застапена со десетмина пратеници во парламентот.

„Ова е победа за Косово“, изјави денеска (9.06) Хашим Тачи. Тој нагласи дека ќе стори се‘ за изградба на држава „каква што граѓаните си посакуваат“. Неговата ПДК сега освои три мандати повеќе отколку што имаше во претходниот состав на парламентот, но и натаму е упатена на коалиционен партнер за да се состави влада. Досега владата на ПДК имаше поддршка на мала албанска партија и повеќе партии на малцинствата.

Kosovo Parlament
Нема јасни победници - ПДК има 35, ЛДК - 30 места во парламентот во ПриштинаФотографија: DW/B. Shehu

Трите големи опозициони партии веќе отфрлија соработка со ПДК по изборите. Весникот „Коха Диторе“ пишува дека е сосема отворено кој ќе состави нова влада. „Нема јасни победници“, оценува весникот. Меѓутоа, не е исклучено опозицијата и да се премисли и да го смени ставот кон ПДК.

Со напрегнатост се очекуваше и однесувањето на српското малцинство на овие избори. Многумина од Србите го следеа повикот на Белград и излегоа на гласање. Од околу 120.000 Срби на Косово, според српките медиуми, на гласање излегле околу 53.000. Изборите на северот, каде доминираат Србите, минаа мирно.

Поддршка за успешно спроведување на изборите на северот пружи и ОБСЕ. Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Жан-Клод Шлумбергер, изрази задоволство што се‘ мина „мазно“: „Немаше никакви поголеми пријавени инциденти или неправилности. Ова е успех како за Централната изборна комисија, така и за избирачите“, рече Шлумбергер.