1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешка потрага за следниот претседател на Германија

Наоми Конрад
27 октомври 2016

Социјалдемократите би сакале следниот претседател да биде министерот за надворешни работи Штајнмаер, но за негов избор има отпор од конзервативците и левицата. Кавга во владејачката коалиција за наследникот на Гаук

https://p.dw.com/p/2Rhy7
Deutschland Joachim Gauck
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Партијата на социјалдемократите (СПД) и конзервативната Унија, алијансата на Христијанските демократи (ЦДУ) и баварската сестринска партија, Христијанско социјалната унија (ЦСУ), се договорија дека до крајот на октомври оваа година ќе се согласат за кандидат за идниот претседател на државата. Но, потрагата за наследник на Јоахим Гаук, кој одлучи да не се кандидира за втор мандат, воопшто не е лесна.

Се споменуваа многу имиња, но сите беа „исфрлени од играта“ откако не се огласија на повицитеод партиите. Последниот пример: Андреас Воскуле, тековниот претседател на федералниот Уставен суд. Сега, новото име кое се споменува како можен каднидат за претседател ги полни насловните страни на весниците. Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер (СПД) не е изненадувачки предлот, но неговото име официјално влезе во игра по коментарот на лидерот на СПД, Сигмар Габриел за понеделничкото издание на популарниот таблоиден весник „Билд“.

Габриел изјави за весникот дека на Германија и е потребен кандидат „кој може да ја претставува земјата, кој ги знае предизвиците со кои се соочува моментално и кој има одговор“. Тој изјави дека Штајнмаер одговара на описот.

Налседникот на Гаук треба да биде избран во февруари од федералното собрание кое е составено од повеќе од 1.000 делегати и пратеници, како и од политички и неполитички претставници од 16-те покраини на Германија. Претставувањето во федералното собрание е базирано на политичкото мнозинство во федералната и покраинските влади. Така, ЦДУ/ЦСУ и СПД се мнозинство. Но, доколку СПД, Левицата и Зелените успеат да се согласат за име на кандидат, тие може да одлучат кој ќе биде претседател наместо Унијата.

Левицата го одбива Штајнмаер

Deutschland Energy Transition Dialogue in Berlin Steinmeier und Gabriel
Франк-Валтер Штајнмајер и Зигмар ГабриелФотографија: BSW-Solar

Засега, Унијата го одби предлогот на СПД. Генералниот секретар на ЦСУ, Андреас Шојер изјави дека Штајнмаер треба да се концентрира на неговата работа како министер за надворешни работи. Во понеделникот, претседателот на ЦДУ во покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, за медиумите изјави дека не смета дека било многу паметно од страна на Габриел да предлага нов кандидат „практично секоја недела“. Подобра стратегија би било да одржи разговори со коалицијата, додаде тој. Слично, и заменикот на лидерот на ЦДУ, Јулија Клокнер изјави дека иако Габриел може да постапува како што сака, на крајот се се сведува на постигнување консензус.

Левицата, исто така, не остави ни малку сомнеж дека нема да ја поддржи кандидатурата на Штајнмаер. Тој би бил „тежок кандидат за Левицата“, изјави координаторот на пратеничката група Дитмар Барч. Тој додаде дека се додека е нејасно кој кандидат ќе се појави пред федералното собрание, не може да каже како ќе гласаат претставниците на Левицата. Лидерот на Левицата Бернд Риксингер беше јасен и не остави место за сомнеж за своето мислење за кандидатурата на Штајнмаер: „Френк-Валтер Штајнмаер е еден од архитектите на Агендата 2010, која ја зголеми сиромаштијата во средната класа и го зголеми јазот помеѓу богатите и сиромашните. Според нас, тој не може да биде избран“.

Лидерот на Зелената партија, Симоне Петер изјави дека партија ќе го земе предвид секој кандидат кој ќе биде предложен. Но, таа, исто така, ја изрази и својата желба во канцеларијата на германскиот претседател да се најде жена.

А самиот Штајнмаер? Во политичка дебатна емисија во неделата изјави дека моментално има други обврски: „Целосно сум фокусиран на кризата и конфликтите во светот и како Германија може да придонесе за нивно решавање“.