1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Топлес на германските базени

дпа
28 мај 2022

Нудизмот во Германија има долга традиција. Но, таа „култура на слободното тело“ е ограничена исклучиво на специјално обележани јавни плажи. Сега, дури и првите базени дозволуваат (ограничен) нудизам.

https://p.dw.com/p/4B64Y
Tableau | Zeitreise deutsche Urlauber | FKK-Strand St. Peter-Ording 2016
Фотографија: Carsten Rehder/dpa/picture alliance

Нудизмот или „Културата на слободно тело“ (Freikörperkultur - FKK) е доста распространет во Германија, особено на плажите на Северното или Балтичкото Море. Впрочем, тоа движење потекнува од таа земја од 19 век и преживеа многу политички и општествени промени. 

„Еднакви гради за сите! 

Но, она што се практикува на многу официјални и неофицијални плажи низ Германија е незамисливо на отворени и внатрешни базени. Постои строго правило: примарните и секундарните сексуални обележја мора да останат покриени. Барем така беше досега.

Но, од 1 мај, на нудистите им е дозволено да пливаат и во базените во Гетинген во северна Германија - барем делумно. На иницијатива на феминистичката иницијатива „Еднакви гради за сите“ во тој град во Долна Саксонија е дозволен концепт на топлес - сепак засега само за викенди кога нема организирани тренинзи за пливање за студентите. 

Иницијативата ја покрена Мина Бергер, а колку е контроверзна иницијативата покажува и фактот што Мина Бергер не се вика така - затоа што сака да остане анонимна. Бергер се чувствува како „небинарна личност“, ниту како маж ниту како жена.

Се започна кога Бергер минатото лето го соблече горниот дел од костимот за капење на базен. „Беше многу пријатно чувство. Едноставно се чувствувам подобро кога не го носам тој горен дел од костимот“, вели Бергер. Но, вработените во базенот поинаку гледаа на потегот. За нив Бергер е едноставно жена која ги покажала своите голи гради. И доби забрана за влез во градските базени. 

FKK in der DDR
Германија има долга традиција на нудизамФотографија: picture-alliance/ ZB

Зошто е дозволено да се покажуваат машки гради, а женски не? Ова прашање не го поставува само Бергер, туку и многу други активисти низ Германија. Така се роди движењето за рамноправно капење без горниот дел во внатрешните и надворешните базени. Тие потсетуваат дека до крајот на шеесетите на жените им било забрането да се капат во дводелни костими за капење. 

Разбирање за „сограѓани од странско потекло“ 

Во секој случај во Гетинген сега е укинат горниот дел, што, како што вели директорот на градските јавни базени, резултирало со „невообичаено голем број посетители“. Сепак, тој додава дека бројот на луѓе кои посегнале по овие нови слободи е „релативно низок“.

За тоа време таа иницијатива беше дочекана со потсмев на социјалните мрежи. Многумина зборуваат за „родова глупост“ и се прашуваат дали мажите сега преку неделата мора да носат градници на базените. 

Директорката на градската спортска управа посочува и некои специфики во однос на „сограѓаните од мигрантско потекло“, кон кои мора да се „постапува со внимание“. Локалната политичарка очигледно не сака да долева масло на огнот, бидејќи многу градови со години се борат со родители од традиционални муслимански имигрантски семејства кои од религиозни причини не ги пуштаат ќерките да посетуваат настава по физичко.