Засилен притисокот врз кинеските сопственици на ТикТок
7 август 2020Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредби со кои се забранува каква било трансакција со сопствениците на кинеските компании кои ги поседуваат апликациите ТикТок и ВиЧет, а тие ќе стапат во сила за 45 дена.
Наредбите следеа во момент додека администрацијата на Трамп тврди дека ги засилува напорите за чистење на „небезбедни“ кинески апликации од американските дигитални мрежи.
Апликацијата за куси видеа ТикТок, и онаа за пораки ВиЧет, Белата куќа ги гледа како „значителни закани“.
Повеќе:
-Ќе добие ли ТикТок нов сопственик?
-Трамп сака да ја забрани ТикТок во САД
Апликацијата ТикТок, која е во сопственост на компанијата БајтДенс, може да биде користена во дезинформациски кампањи од кои полза може да има Комунистичката партија на Кина, па САД „мора да преземе агресивна акција против нејзините сопственици за ја заштити својата национална безбедност“, стои во една од наредбите на Трамп.
ТикТок забранет за федералната администрација
Во другата наредба, Трамп тврди дека апликацијата ВиЧет, која е во сопственост на Тенсент, „автоматски зачувува огромни количества податоци за своите корисници, а тоа може да и' овозможи на кинеската Комунистичка партија пристап до лични и сопственички податоци на Амерканците“.
Во пракса, со наредбата за 45 дена ќе се забрани ВиЧат во САД. Трамп на почетокот на неделата рече дека ќе ја поддржи продажбата на операциите на ТикТок во САД на Мајкрософт доколку американската влада добие „значителен дел“ од продажбата, но, исто така, предупреди дека на 15 септември ќе ја забрани оваа услуга во САД.Американскиот сенат во четвртокот изгласа забрана за користење на ТикТок од службените телефони на федералните административци.
Кина обвинува за „политички манипулации“
Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека цврсто се спротивставува на извршните наредби на Трамп за ТикТок и ВиЧет.
Кина ќе ги брани легитимните права и интереси на кинеските претприемачи, изјави за портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на брифинг за медиумите. Тој притоа фи обвини САД за „политички манипулации“.