1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ги крати парите за помош за Сирија

ЕМФ / дв
31 март 2018

За конфликтот во Сирија нека се грижат други! Ваквиот став на Доналд Трамп сега ја крои политиката на САД во Сирија. Тоа, како што тврди печатот, сега важи и за американската помош за оваа земја.

https://p.dw.com/p/2vHhv
US Präsident Donald Trump vor Industriearbeitern in Ohio
Американскиот престедател Доналд Трамп зборува пред вработените во индустријата во американската сојузна држава ОхајоФотографија: Reuters/Y. Gripas

Американскиот претседател Доналд Трамп изненадувачки најави крај на мисијата во Сирија. „Наскоро ќе се повлечеме од Сирија“, рече Трамп во говор пред вработените во индустријата во Охајо. Американските војници треба „да севратат во нашата земја, каде што и припаѓаат“, рече Трамп.

Ваквите изјави се во спротивност со ставовите на Министерството за одбрана на САД, јавуваат американските медиуми. Не е јасно што Претседателот точно мисли со својата изјава, изјави соработник на Министерството за одбрана за Си-Ен-Ен.

ПовеќеВојната во Сирија и грешките на Западот

Портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт, само неколку часа пред говорот на Трамп оцени дека во Сирија има уште многу работа за да може да се оствари трајна победа над екстремистите. Во моментов во Сирија се стационирани околу 2000 американски војници за бoрба против радикално исламистичката милиција Исламска држава (ИД).

Syrien Manbij
Американски војници во СиријаФотографија: picture-alliance/AP Photo/S. George

Освен повлекувањето на војниците, американскиот претседател има намера да ја скрати и помошта за Сирија, пишува „Волстрит Журнал“. Според весникот, ќе бидат замрзнати повеќе од 200 милиони долари од фонд за помош за обнова на Сирија. На такво нешто Трамп се решил откако прочитал извештај, според кој неодамна биле одорбени дополнителни 200 милиони долари за помош, пишува „Волстрит Журнал“, повикувајќи се на извори во владата. Овој износ во февруари во Кувајт го вети тогашниот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон на средба на меѓународната Анти-ИД алијанса.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид