1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Трамп ги тужи Фејсбук, Твитер и Гугл

ЕМФ / дв
8 јули 2021

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред половина година го загуби пристапот до големите онлајн-платформи. Сега тој ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл.

https://p.dw.com/p/3wDWS
USA | Expräsident Donald Trump | Rede in Bedminster
Фотографија: Seth Wenig/AP Photo/picture alliance

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сака повторно да биде присутен на Твитер, Фејсбук и Гугл. Тој бара итно отворање на неговите профили. Во моментов Трамп има забрана за Фејсбук најмалку до почетокот на 2023 година. Твитер, пак, сосема му го имаблокирано присуството на поранешниот претседателна платформата.

Во тужбата што Трамп ја поднесе против Твитер, Фејсбук и Гугл тој ги обвинува шефовите на овие мрежи, Марк Закерберг, Џек Дорси и Сундар Пичаи лично за неуставна повреда на слободата на говор. „Ако тоа можат да ми го направат мене, тогаш можат секому“, изјави Трамп, кој зборува за „корумпиран режим на цензура“.

Целта на Трамп е збирна тужба, во која можат да земат удел сите чии профили биле „цензурирани“ на онлајн-платформите по 1 јуни 2018 година. Статусот на збирната тужба, меѓутоа, вообичаено мора да биде признат од страна на судија. Трамп тврди дека онлајн-платформите станале „одделение за цензура“ на актуелната американска влада, меѓу другото и поради тоа што преземале мерки против сомнителна тврдења на научници во врска со коронавирусот.

Twitter Logo
Доналд Трамп имаше над 80 милиони следбеници на ТвитерФотографија: Imago Images/Zuma/O. Marques

Фејсбук и Твитер ги затворија профилите на Трамп во јануари, на крајот на неговиот мандат. Повод беше упадот на приврзаници на Трамп во Капитол и тоа што тој изрази симпатии за тие лица. Освен тоа, тој и натаму, без какви било докази, тврди дека победата на претседателските избори во ноември била украдена со измама. 

Твитер, каде Трамп имаше повеќе од 80 милиони следбеници, за него беше најважната платформа за комуникација. Фејсбук прво му го имаше блокирано профилот на Трамп на неодредено време, но потоа блокадата ја ограничи на две години со образложение дека во правилата не е предвидено суспендирање на неодредено време. Потоа Фејсбук повторно ќе преиспита дали ќе дозволи Трамп да има свој профил. Платформата на Гугл, Јутјуб, ќе даде дозвола за Трамп кога со тоа веќе нема да постои ризик за јавната безбедност, соопшти платформата. Конкретен датум не е наведен.

Присуството на големите онлајн-платформи е важно за Трамп и со оглед на негово можно кандидирање за претседателските избори во 2024 година, за што зборува одвреме-навреме.