1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ќе си продолжи како што си знае

Михаел Книге
25 декември 2017

Првата година од мандатот на Трамповата администрација помина релативно подносливо. Меѓутоа, место за оптимизам за 2018 - нема.

https://p.dw.com/p/2pv5y
USA Donald Trump
Фотографија: Getty Images/M. Wilson

Не беше толку лошо како што се очекуваше: за еден американски претседател кој во текот на кампањата постојано беше споредуван со автократски владетели од минатото и сегашноста, вакво резиме од првата година на функцијата може да се смета за успех.

„Би рекол дека првата година мина лошо, но не толку лошо како што стравувавме пред една година“, оценува Џозеф Нај, влијателен политиколог од универзитетот Харвард. „Оние кои изборот на Трамп го споредуваа со ситуацијата во Италија во 1922 и во Германија во 1933, проценија сосема погрешно. Институционалните рамки на САД се покажаа како доволно силна заштита од ваков развој на ситуацијата.“

Дијагнозата дека под негово раководство земјата не скршнала кон фашизам и не е некоја којзнае каква пофалба за еден претседател на САД. Но, пред една година постоеја вакви стравувања.

Оценка за надворешната политика на Трамп - два минус

Кори Шејк, која заедно со министерот за одбрана Џејмс Матис ја издаде книгата „Воини и граѓани“ и која во времето на Џорџ Буш имаше раководни безбедносно-политички функции, и покрај тоа на досегашната надворешна политика на Трамп ѝ дава оценка - два минус.

Шејк вели дека не го сместува во категоријата „повторувачи“ само затоа што Трамп на клучните надворешнополитички позиции има поставено многу искусни луѓе. Благодарение на нив, тој носи одлуки кои не соодветствуваат ниту на неговите импулси ниту на неговите ветувања во кампањата.

Како пример Шејк го наведува испраќањето дополнителни трупи во Авганистан и Трамповото решително „да“ за членот 5 од статутот на НАТО, кој предвидува заедничка одбрана.

„Тоа што не можам да му дадам подобра оценка од два минус се должи на тоа што тој очигледно не сфаќа основни работи за суштината на меѓународните односи. Исто така, се чини дека не сфаќа како САД успешно се етаблираа во сегашниот светски поредок и како ја задржуваа својата позиција, која за американската јавност и нашите сојузници е навистина поволна“, вели Шејк.

USA Trump unterzeichnet Tax Cut Bill
Доналд Трамп добива слаба оценка за надворешната политика во првата година од мандатотФотографија: picture alliance/dpa/Pool/CNP/Med/M. Theiler

Популизмот на Трамп

Џејмс Џефри, заменик советник за национална безбедност во времето на Џорџ Буш, во Трамп гледа „отелотворување на популистичката револуција која во поседните десет години е присутна во западните индустриски држави“.

Трамп во многу работи продолжува со стилот на Обама на „релативно слаба надворешна политика“, смета Џефри. Тоа во суштина го прави со лошите Твитер-пораки и експлозивните политички изјави. Трамп не стори доволно за да го одбрани меѓународниот поредок предводен од САД против незапирливите екстерни напади, вели Џефри, додавајќи дека токму тоа е примарниот надворешнополитички предизвик на Вашингтон.

Karikatur von Sergey Elkin - Trump und Twitter
Трамп и Твитер - карикатура на Сергеј Елкин

Очекувања за 2018-та

Првата година на Доналд Трамп на претседателската функција е добар индикатор за тоа што треба да се очекува од него во иднина, велат поранешни службеници за национална безбедност. Сѐ на сѐ, домашните и меѓународните набљудувачи би требало да сметаат со продолжување на истиот курс. И 2018 година ќе биде одбележана пред сѐ од Трамповата непресметливост.

„Многу тешко е да се предвидат Трамповото однесување и одлуки, со оглед на тоа што тој нема дологорчна стратегија“, нагласува професорот Нај, кој во времето на Бил Клинтон беше заменик министер за одбрана. 

Повеќе на темата:

-Даночна реформа на Трамп: богатите - побогати 

-Трамп им се закани на членките на Генералното собрание на ОН

Пораз за Трамп - Алабама му покажа дека не проаѓа сѐ

На внатрешнополитички план, според сѐ, Трамп ќе продолжи да потпалува популистички и националистички чувства, проценува Џефри, додавајќи дека во тоа верува и самиот претседател. Во 2017 година на Трамп му успеа само еден од неговите поголеми проекти, даночната реформа, но таа може да поттикне извесен економски полет, што пак може да придонесе за тоа Меѓуизборите кои следуваат да не завршат премногу лошо за Трамп и неговата партија.

Мотото на Трамп „Америка на прво место“ и натаму ќе ги ослабнува меѓународните институции, прогнозира Нај, и тоа независно од фактот што наспроти најавите за повлекување, САД сепак останаа во меѓународните алијанси како што е НАТО.

Шејк смета дека владата на Трамп нема да успее да развие кохерентна надворешна политика во наредната година. Тоа нема да биде можно поради наклонетоста на претседателот кон мелодрама и непресметливост. Таа смета и дека мотото „Америка на прво место“ нема да се промени. „Не мислам дека претседателот стана поумерен во тој поглед. Неговите ставови за трговијата, за алијансите и доселувањето не се променети од 1980-тите.“

Nordkorea-Krise Trump und Kim Jong Un
Владата на Трамп се покажува неспособна да развие кохерентна стратегија кон азиските држави, оценуваат експертитеФотографија: picture alliance / Ahn Young-Joon/AP/dpa

Предизвикот Севера Кореја

Експертите се согласни дека најголемиот надворешнополитички предизвик ќе биде можната воена конфронтација со Северна Кореја. Ситуацијата е „драматична“, оценува Џефри, и тоа од две причини: поради воените способности кои постојано се развиваат, како и поради агресивниот став на Пјонгјанг. Од друга страна, меѓутоа, и поради неспособноста на владата на Трамп да развие кохерентна стратегија кон азиските држави, која би ги надминувала границите на сегашната мантра дека не се прифаќа Северна Кореја која би поседувала нуклеарно оружје.

Во Кина со веројатност 1:4 се проценува дека во наредната година е можен воен судир со Севера Кореја, потенцира Нај. „Веројатноста е многу висока.“