1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Турција го злоупотребува НАТО“

Свен Пеле/Ж.А.2 август 2015

„Турската влада направи проблем. Под маската на борба против ИД, ја продолжи борбата против Работничката партија на Курдистан. Тоа не е во ред,“ вели за Дојче веле Родерих Кизеветер, политичар од германската ЦДУ.

https://p.dw.com/p/1G8ZV
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

ДВ: Од минатата недела Турција води воени акции против Исламска држава, но и против Работничката партија на Курдистан. Откако владата во Анкара официјално ги прекина мировните преговори со Курдите, во Турција расте страв од атентати. Што значат овие настани за војниците од Бундесверот кои се стационирани во јужна Турција, каде помагаат во опслужувањето на ракетниот одбранбен систем „Патриот“?

Родерих Кизеветер: Бундесверот ја препозна опасноста и ја зголеми својата безбедност. Тоа значи дека војниците во одредено време не можат да ја напуштат својата касарна, а кога тоа го прават, не се во униформи. Во основа, нашите трупи во Турција се добро подготвени, а сега и многу добро заштитени.

Дали очигледно сосем можен напад врз германските војници, би влијаел врз мандатот на Бундесверот?

Не. Војниците се таму како дел од НАТО, како знак на солидарност. НАТО како организација би загубил на доверливост ако се повлече при првите знаци на можно насилство. Поради тоа НАТО сега треба да се подготви за да остане борбено способен. Но, треба да се испита дали држењето на системот „Патриот“ таму има смисол, зашто тоа на теренот нема никакво воено значење, туку е само политички знак на солидарност.

Deutschland Roderich Kiesewetter PK Berlin
Родерих Кизеветер, политичар од германската ЦДУФотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick

Дали таа солидарност е безрезервна? Дури и ако Турција ја инструментализира борбата против ИД, за темелно да расчисти со Курдите на домашен терен?

На Турција мораме јасно да и‘ дадеме на знаење: нашето присуство таму е во служба на борбата против ИД. Ние во никој случеј не сме инструмент на Турците во борбата против Курдите или дел од турската внатрешна политика. Но, проблемот не е во Бундесверот. Проблем направи турската влада. Таа под маската на борба против Исламска држава, ја продолжи борбата против ПКК. Тоа не е во ред. Ние како сојузници не можеме да дозволиме да бидеме третирани на таков начин. Овде станува збор за здружување на сите сили против ИД, а не да бидеме дел од стратегијата со која Турција ги решава своите проблеми со Курдите. А се чини дека таа нив сака да ги реши со сила.

Линијата на разграничување меѓу курдските сили во Сирија, Ирак и Турција се чини не е баш јасна. Од лани Германија ги снабдува со оружје курдските Пашмерга борци во Ирак и помага во нивната обука.Според тоа, турскиот пристап ја попречува германската стратегија против ИД, зашто се‘вкупно ги слаби Курдите. Дали сојузната влада не треба остро да протестира?

Сојузната влада тоа и го прави. Меѓутоа, Турција, познато е, не регаира на притисокот на јавноста. Напротив. Затоа за важни ги сметам разговорите во заднина. Сега е важно да покажеме дека ја продолжуваме поддршката кон Курдите во борбата против ИД. Ги одбрамве Пашмерга борците кои ја имаат нашата целосна поддршка. Но, на ова му придавам големо значење, врските меѓу Пашмерга борците и другите сили не можат да се исклучат. Сепак, главната цел сега е борба против ИД, а не разводнување во барањето разлики меѓу добрите и лоши Курди. Сега е битно зајакнување на силите кои се борат против ИД. Тоа е алфа и омега.

Што значат настаните во Турција за германската внатрешна политика?

Во Германија имаме три илиони Турци и неколку стотици илјади Курди. Суштината е од внатрешнополитичките проблеми на Турција да не си правиме проблеми себе си во Германија. Затоа на Турците мораме уште појасно да им кажеме дека она што го прават е всушност искористување на НАТО. Такво нешто не смееме да дозволиме.

Родерих Кизеветер, роден во 1963, политичар од Христијанско-демократска унија, е експерт за надворешна политика и член на Комисијата на БУндестаг за надворешна политика. Тој исто така е претседател на Здружението на резервисти на Бундсеверот.