1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција страда од руските санкции

Ј. Шнајдер / ЕМФ15 декември 2015

Турската економија страда се‘ повеќе од санкциите на Русија. Важни клиенти ја заобиколуваат Турција, а извозот за Русија паѓа.

https://p.dw.com/p/1HNRq
Фотографија: Julian Finney/Getty Images

Русинката Лиза Крол со години купува во Истанбул. Таа бара стока за својот бутик во Ставропол. Деловната жена стравува дека поради санкциите бизнисот ќе стане потежок:

„Ова е веројатно моето последно патување годинава. Којзнае што ќе се случи и дали наредната година деловните врски воопшто ќе опстојат.“

За турските трговци руските санкции се тежок удар, а страда и туризмот. Русите веќе не доаѓаат во Турција.

Продавачката Ина Болгар вели:

„По соборувањето на авионот бројот на муштерии е прилично намален. Сега само околу половината од нашите муштерии се Руси и сите прашуваат кога протокот на стоки ќе се нормализира, кога сето ова ќе заврши и кога воопшто ќе биде биде повторно можен сосема нормален бизнис.“

Турскиот извоз за Русија минатата година изнесуваше околу 5,5 милијарди евра. Најважни извозни стоки беа облека и прехранбени намирници. Турските стопански здруженија тврдат дека во моментов е се‘ уште многу рано за штетите од санкциите да може да се изразат во бројки.

Овде може да го погледнете видеото:

Под товарот на руските санкции