Убиени девет војници во Авганистан
10 ноември 2007Реклама
При напад на истокот на Авганистан убиени се девет војници. Меѓу нив шест војници се странци, а тројца Авганистанци, соопштија меѓународните ИСАФ трупи. Во нападот има и 18 повредени. Убиените НАТО војници најверојатно се Американци. На северот на Авганистан неуспешно беше извршен самоубиствен напад. Според полициски извори, безбедносните сили следеле сомнително возило по што возачот се дигнал во воздух.