1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ужасот во Источна Гута

Керстен Книп
1 март 2018

Ситуацијата во сирискиот регион Источна Гута е сѐ подраматична. Луѓето немаат речиси ништо, а ни лекарите не можат многу да помогнат. Хуманитарците извесуваат за најстрашни услови за живот и работа.

https://p.dw.com/p/2tVRW
Syrien Angriffe auf Ost-Ghuta
Фотографија: Reuters/B. Khabieh

Недостасува буквално сѐ. Нема ни чиста вода за пиење. Веќе подолго време во регионот на Источна Гута не е доставена храна. Болниците се места кои систематски се напаѓани и бомбардирани. Од поранешните 27 медицински установи во градот шест веќе не се функционални, вели Мохамед Кутуб, портпарол на сириско-американско лекарско друштво за арапскиот тв канал на Дојче Веле. Голем број лекари и медицински персонал настрадаа во нападите: „Десет наши соработници се убиени".

Особено во последнве недели гранатирањето на градот кој е под контрола на џихадистите е интензивирано. За само неколку дена, според проценките на хуманитарците во регионот, убиени се околу 500 цивили, меѓу нив 120 деца, а над 2400 лица се повредени. Околу 400.000 лица се заглавени во Источна Гута.

Се блокираат дури и амбулантни возила

„Кај нас речиси секој ден се носат повредени од војната", вели една лекарка од организацијата „Лекари без граници" која координира една провизорна болница во Источна Гута. Од безбедносни причини не сака да си го каже името ниту пак името на болницата во која работи. „Тука се носат сите повредени, но мнозинството настрадани се цивили: деца, жени и мажи." И таа потврдува дека недостасуваат лекови и медицинска опрема. Дополнително, постојаните бомбардирања ја усложнуваат работата на лекарите. „Ние едвај можеме да се движиме, дури и амбулантните возила се блокираат, а за луѓето е уште потешко да се движат пеш надвор." Хуманитарците чекаат на влезот на градот, но не можат да влезат во огнот.

Повеќе: 

Северна Кореја му помага на Асад за хемиското оружје?

Изопачената војна во Сирија

Од почетокот на протестите во Сирија во 2011 година, регионот Источна Гута е центар на отпорот против владата на Асад. Во 2013 година, режимот ги нападна тогашните опозициски групи со отровен гас. Но противниците на Асад успеаја да се задржат и оттогаш ги градат своите позиции. Како што е карактеристично за Сирија, и во Источна Гута отпорот во текот на годините ги менуваше идеолошките насоки. Ако првично бил посветен на демократски и либерални идеали, под зголемениот воен притисок сè повеќе се отвора кон исламистички и џихадистички групи. Тие сега доминираат во отпорот - исто така идеолошки.

Syrien Angriffe auf Ost-Ghuta
За само неколку дена убиени се околу 500 цивилиФотографија: picture-alliance/dpa/AP/Syrian Civil Defense White Helmets

Русија сака „да ја искорени терористичката почва"

Таа постепена промена е тоа со што режимот на Асад го оправдува интензивното бомбардирање на регионот. Во изминатата година сириската влада, во рамките на конференцијата организирана од Русија во Сочи, се согласи дека ќе ја почитува Источна Гута како една од петте зони на деескалација. Цивилите кои живеат во областа треба да се чувствуваат побезбедни. Сепак, неколку зони кои се под контрола на џихадистите беа јасно изземени од прекинот на огнот. Бомбардирањето од последниве денови режимот на Асад го оправдува токму со тврдењето дека се напаѓаат само зони кои се контролирани од екстремно тврдокорни џихадисти.

Ваквиот став има поддршка и од Русија. Државната сириска новинска агенција на нејзината интернет страна го цитира рускиот министер за надворешни работои Лавров со зборовите дека е невозможно да се направи разлика меѓу „добри“ и „лоши“ терористи. Русија и понатаму ќе се бори против тероризмот без „двојни стандарди" и ќе ѝ помага на сириската армија „целосно да ја уништи терористичката почва".

Syrien Blutvergießen in Syrien geht weiter - Hilfsorganisationen können Ost-Ghuta nicht erreichen
Населението не може да се заштити од бомбардирањатаФотографија: Reuters/B. Khabieh

Есктремно прегладнети и неухранети деца

Но од нападите страда целиот регион. Лекарката од организацијата „Лекари без граници" вели дека таа и колегите речиси и не можат да се движат низ регионот. Дури и јасно обележани амбулантни возила не можат да се возат низ градот. „Нема прекин на бомбардирањата за да можеме да ги транспортираме повредените. Нашите спасувачки тимови имаат проблеми да ги спасат луѓето од под урнатините и да ги донесат во болница."

Населението не може да се заштити од бомбардирањата, вели за арапскиот канал на Дојче Веле, активистот Диа Ал Шами, кој живее во Источна Гута. Луѓето се кријат по подрумите или скривници иако тие не се направени за подолг престој. Но, жестоките артилериски напади и бомбите кои постојано паѓаат не им оставаат друг избор. „Поради животот во вакви услови многу луѓе се разболуваат. Сепак, не смеат да ги напуштат скривниците, премногу е опасно."

Децата се најмногу погодени од целата ситуација. „Многу се прегладнети и изнемоштени, до коска и кожа“, изјави за медиумите сирискиот ополномоштеник од „СОС детско село", Лојан Јасин. Немаат ни топла облека за да се заштитат од студот. Во регионот на Источна Гута температурите во текот на ноќта паѓаат до четири степени.

Syrien Luftangriff über Ost-Ghouta
Лекарите мора да се будни речиси постојано, затоа што не престанува пристигнувањето на повредени лицаФотографија: Getty Images/AFP/A. Almohibany

Ампутации и страшни рани"

Катастрофална е ситуацијата и за лекарите. Лекарката од органзацијата „Лекари без граници" и нејзините колеги се исцрпени. „Исцрпени сме од постојаното бомбардирање, кое трае цела недела без прекин." Не спиеле практично со денови. „Дури и ако некој дремне, тоа се прави на смени. Поголемиот дел од колегите мора да се будни, бидејќи постојано се носат повредени."

Дополнително, тука е и психолошкиот товар од војната, ужасите кои лекарите мораат што е можно повеќе да ги игнорираат ако сакаат да продолжат со работата и да спасат што е можно повеќе животи. Но поради страшната ситуација таму многу тешко се справуваат со психолошкиот товар, вели лекарката од „Лекари без граници". „Нема пострашен и посилен звук од бомбардирањето на целиот регион Источна Гута, како и од она што го гледаме овде: трупови, мртви деца и бебиња, распарчени остатоци од тела, ампутации и страшни рани."

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид