1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Укината забраната на Твитер во Турција

ЖА/дпа/ртре3 април 2014

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се премисли-неговата влада ја укина блокадата на Твитер. Претходно Уставниот суд донесе одлука дека забраната на Твитер е незаконска.

https://p.dw.com/p/1BbaR
Фотографија: Ozan Kose/AFP/Getty Images

Владин претставник соопшти дека е земена во предвид пресудата на Уставниот суд и е укината забраната на Твитер. Турската Дирекција за комуникации денеска (03.04.2014) донесе одлука за укинување на забраната за пристап до социјалната мрежа Твитер, откако вчера Уставниот суд на Турција побара нејзино укинување со оценка дека со неа се прекршува правото на изразување.

Турција на 21 март го блокира пристапот до Твитер, откако на социјалната мрежа беа објавени наводни снимки на телефонски разговори меѓу премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговите соработници во врска со корупцискиот скандал што ја потресе земјата и во кој беа инволвирани лица блиски до Владата.

„Твитер и таквите работи ќе ги искорениме“, беше изјавата на Ердоган во март. Во многу западни држави неговата одлука предизвика жестоки критики.