1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Укинувањето на „Обамакер“ повторно не успеа

СН/ агенции
27 јули 2017

На републиканците им оди навистина тешко да го спроведат едно од централните изборни ветувања на претседателот Доналд Трамп. Во Сенатот пропадна уште еден обид за укинување на „Обамакер“

https://p.dw.com/p/2hDMd
USA Senat - Kapitol in Washington
Фотографија: picture alliance/ZUMAPRESS.com/A. Edelmann

Американскиот Сенат, во кој мнозинството имаат републиканците, го отфрли републиканскиот предлог да се укине законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама, т.н. „Обамакеар“.

Седум републиканци им се придружија вчеравечер на сите демократи во Сенатот и предлогот е одбиен со 55 спрема 45 гласа. Ова е вторпат оваа недела републиканците да не успеат да истуркаат да се отповика законот на Обама од 2010 година. Аналитичарите оценуваат дека ова е досега најголем неуспех на претседателот Доналд Трамп, кому укинувањето на „Обамакер“ му беше едно од централните ветувања во предизборната кампања.

USA Wahl zur Aufhebung von Obamacare
Фотографија: Reuters/C. Barria

Конзервативните сенатори  од редовите на републиканците беа подготвени да се укине законот иако сѐ уште не е подготвена негова замена, но умерените претставници беа загрижени оти тоа би ги налутило гласачите кои би сметале оти Конгресот нема да биде во состојба да го изгласа новиот здравствен закон.

Одреден број републиканци им се придружија на демократите да го блокираат предлогот на шефот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, да се укине законот на Обама.

Washington White House Trump bei Barack Obama
Фотографија: picture-alliance/abaca/O. Douliery

Тој би бил заменет со ублажено обврзувачко здравствено осигурување, со помали сојузни здравствени субвенции и други измени. Канцеларијата за буџетот на Конгресот процени дека  укинување на „Обамакеар“ без воведување замена би значело оти 30 милиони Американци ќе останат без здравствено осигурување . Тоа ,според набљудувачите,  беше клучен фактор кој влијаеше дел од републиканските сенатори да не го прифатат предлогот на шефот на републиканското мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес.