1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Русија го гаѓа пристаништето во Одеса

ЕМФ / дпа
23 јули 2022

Само еден ден по постигнувањето на договорот за извоз на украинското жито преку Црно Море, Русија, според украински наводи, го гаѓа пристаништето во Одеса.

https://p.dw.com/p/4EYFP
Ukraine Getreidesilos im Hafen von Odessa
Силоси со жито во пристаништето во Одеса (архивска фотографија)Фотографија: ussi Nukari/Lehtikuva/dpa/picture alliance

„Вчера беше договорен извоз по морски пат, а денес Русите го напаѓаат пристаништето во Одеса“, соопшти денеска (23.07) шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Според украински наводи, две руски ракети биле пресретнати во воздух, а две го погодиле пристаништето.Русија вчера даде уверување дека ќе дозволи бродовите да пловат по поморски коридор и дека нема да ги напаѓа. Од напад би требало да бидат поштедени и пристаништата.

Ракетирањето фрла сомнеж во врска со договорот за извоз на милиони тони украинско жито постигнат во Истанбул, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олех Николенко. Со своите ракети рускиот претседател им „плука“ в лице на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои направија голем напор за постигнување на договорт, вели Николенко. Украина ги повикува ОН и Турција да извршат притисок врз Русија да се придржува до договорот, изјави портпаролот на украинското МНР. Доколку договорот не се спроведе, Русија сама ќе сноси одговорност за глобалната криза со храна, се вели од Киев.