1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина започна контранапад против руските сили кај Херсон

БГ /дпа
12 јули 2022

Украинската армија започна контра-офанзива во регионот на Херсон, кој Русија го освои уште на почетокот на агресијата. Рускиот претседател Владимир Путин ќе им дели пасоши на сите Украинци.

https://p.dw.com/p/4DzSJ
Ukraine-Krieg ukrainischer Panzer
Фотографија: Metin Aktas/AA/picture alliance

Украинската армија соопшти дека започнала контра-офанзива против руските трупи кои држат под окупација делови од југот на земјата околу градот Херсон.

Цел на нападите бил магацин за оружје во градот Нова Каховка. Според украински извори, во нападот биле уништени руски артилериски орудија и воена технологија, а загинале повеќе од 50 руски војници. Руската државна новинска агенција РИА Новости јави за најмалку седум жртви, четворица исчезнати и десетици повредени во нападот.

Проруските власти во регионот тврдат дека украинската армија ракетирала цивилни области и дека сите жртви се цивили. Претставници на окупаторските сили во Херсон ја обвинија Украина дека во нападот користела повеќеракетни системи ХИМАРС кои беа добиени како помош од САД.

Руските сили го освоија Херсон на 3 март годинава, и тој беше најголемиот град кој дотогаш падна во рацете на агресорот.

Украински воени претставници велат дека Русија започнала со засилено гранатирање на повеќе места во земјата и го оценуваат тоа како подготовка за засилување на интензитетот на судирите, особено во регионот на Доњецк. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека од саботата Русија извршила 34 воздушни напади од саботата досега. Еден од нив погодил петкатна зграда и притоа загинале 31 лице. 

Нова Каховка Украина
Руски војници патролираат околу хидроцентралата кај Нова КаховкаФотографија: AP/dpa/picture alliance

Москва демантира дека напаѓа цивили, но многу украински градови и села се уништени во досегашната агресија.

Путин дели пасоши 

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша закон за олеснување на процедурата за доделување руски пасоши за сите Украинци. Досега, такво право имаа само жителите на окупираните украински региони Доњецк и Луханск, како и оние во јужните региони Запорожје и Херсон.

Од 2019, кога Москва дозволи да се делат пасоши, повеќе од 720.000 жители на Доњецк и Луханск се стекнале со руско државјанство, или околу 18 проценти од населението во двата региони.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба оцени дека потегот на Путин е доказ за неговите „предаторски апетити“. 

„Одете си од нашиот град“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема