1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметноста, религијата и фанатизмот

Зилке Винш/ Зоран Јордановски 23 септември 2012

Бласфемијата се провлекува низ историјата на уметноста во светот како црвена нишка. Уметноста може да повреди религозни чувства не само кај муслиманите, туку и кај христијаните. И кај нив имаше протести и запалени кина.

https://p.dw.com/p/16CPD
Фотографија: Reuters

Богородица го ставила своето голо дете преку колена и толку жестоко го тепа по задникот, што ореолот му паднал на земја. Сликата „Девица го казнува малиот Исус пред тројца сведоци“ од Макс Ернст, настаната во 1926 година, предизвика големо вчудовидување. Не толку поради сцената, туку затоа што неговиот ореол не е на вистинското место.

Нападно зелена жаба виси на крст и држи пивска кригла во раката - таа скулптура на уметникот Мартин Кипербергер беше поставена во 2008 година во Болцано, на северот на Италија, непосредно пред посетата на Папата. „Тргнете го тоа ѓубре“, одекнуваше од стотици јадосани христијански грла, пред музејот се одржуваа протести, еден политичар дури стапи во штрајк со глад. Ни Папата не беше воодушевен од жабата.

Вресок се крена во христијанската заедница кога во 1976 година Монти Пајтон-филмот „Животот на Брајан“ се најде на кино-репертоарт. Во САД и Англија христијански групи протестирааи зборваа за „злонамерен напад врз христијанството“. Во Норвешка во прво време беше забрането прикажувањето на филмот.

Das Leben des Brian
Од филмот „Животот на Брајан“Фотографија: picture-alliance

Запалени кина и кривични пријави

Во 1988 година, во филмот „Последното Христово искушение“ на Мартин Скорсезе, Синот божји е прикажан како растргнат човек, кој не само што постојано се става самиот себе си под прашање, туку има и сексуални потреби. Во знак на протест, во Венеција цел ден биеја сите црковни камбани. Имаше лути протести, во Франција беше запалено кино во кое се прикажуваше филмот. Во Германија црквата со протестни ноти и собирање потписи сакаше да изнуди забрана на филмот.

Најнов пример: режисерот Оливер Зајдл го прикажа вториот дел од неговата трилогија „Рај“ на филмскиот фестивал во Венеција: во „Рај: вера“ неговата протагонистка мастурбира со крст и од ѕидот луто кине портрет на Папата. Една ултракатоличка група поднесе кривична пријава поради навреда на Господ.

Уметноста не е вистински сфатена?

Зајдл сакал да го истакне религиозниот фанатизам на една осамена жена. Неговите уметнички средства се драстични, но многу нагледни. Трупата Монти Пајтон, покрај другото, сакаше да прикаже колку бргу може да му се подлегне на некој слеп религиозен фанатизам, колку бргу може потребата за потчинување на некој авторитет да води кон масовно движење што тешко може да се контролира.

Главниот лик Брајан ќе биде избран за месија. Тој воопшто ни не го сака тоа - но толпа од стотици луѓе сепак го следи („Ти СИ месија и јас морам да го знам тоа, оти веќе имам придружувано неколкумина“). Толпата сака дури и да убие еден „неверник“ - чист религиозен фанатизам. Филмот, инаку, настана долго време пред првите безредија на налутените муслимани поради наводно навредување на Бога.

Многумина уметници, филмаџии и музичари сакаат со своите провокации да испратат сигнал. Тие не сакаат да ги доведат под прашање религијата или верата, туку начинот на кој религијата се инструментализира. Во уметноста има разнивидни средства за да се изрази тоа. Пречекорувањето на границите е дел од нив.

Петра Бар, повереник за култура на евангелистичката црква во Германија, оди уште потаму: „Уметноста се обидува така да се однесува со табуа и ограничени сфаќања, што исцртува нова слика на светот. А токму со тоа толку лесно се иритира религијата. Религиозните ограничувања, со кои конзервативните верници радо се опкружуваат, токму ги предизвикуваат уметниците повторно да ги урнат.“

Каде се границите?

Критикување, жигосување на неправилности, јавно проговорување за неудобни вистини - за тоа, би се помислило - воопшто не се поставува прашање во Германија, оти владее слобода на изразување на мислење и нема цензура. Бласфемијата (потсмевање со Господ) во уметноста е само посебе разбирлива, дури и општо прифатена - да не беше пророкот Мохамед, кај кого се’ поголемата муслиманска заедница во Германија не знае за шега. Овде се’ уште е мирно, и покрај лутината поради навредувањето на пророкот во видеото, муслиманите остануваат промислени и се дистанцираат од налутените демонстранти што со денови излегуваат на улиците во многу арапски земји.

Bildergalerie antiamerikanische Stimmung Nahost Kairo
Вака може да изгледаат повредени религиозни чувстваФотографија: Reuters

Уште во јуни, кога филмот и не беше толку познат како сега, писателот Мартин Мозебах предизвика жестока дебата со својот есеј „Уметност и религија - за вредноста на забраната“. Тој тука пледира за воведување цензура, за поостро казнување на бласфемијата.

За тоа веќе има казнени одредби со кои се предвидени затворски казни до три години. Мартин Мозебах смета дека е тоа премалку.

Вжештена дебата

Мозебах со својот став е прилично осамен. Има многу примери на уметници, кои морале да страхуваат за својот живот. Уште во 1987 година шоуменот Руди Карел доби полициска заштита, кога во телевизиски скеч го покажа иранскиот верски водач, ајатолахот Хомеини, по кого фрлаат со женска долна облека.

Потоа уследи фатвата против писателот Салман Ружди, па убиството на холандскиот филмски режисер Тео ван Гог во 2004 година. Од пред седум години данскиот карикатурист Курт Вестергард живее со полициска заштита. Сега мора еден ирански рапер да се крие од своите прогонители. Петра Бар смета дека во вакви времиња ставовите на Мозебах се иритирачки: „Ако се помисли што значи тоа за уметниците во Иран или во Африка, станува јасно колку е гротескно тоа барање. Оти, она што ние во Западна Европа го научивме по многу крвави судири - да мора да се истрпи мислењето на другиот и тогаш, кога тоа нас не споулавува, вистински не лути и иритира - тоа во основа ја сочинува западата култура, ја сочинува Европа.“

Der britisch-indische Schriftsteller Salman Rushdie
Британско-индискиот писател Салман РуждиФотографија: picture-alliance/dpa