1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Умре Уго Чавез, социјалист на 21-от век

Јан Валтер/ Жана Ацеска6 март 2013

Уго Чавез себе си се сметаше за револуционер и ослободител. Тој го поларизираше западниот свет и беше симбол на левицата во Латинска Америка. Чавез почина од рак во 58-та година од животот.

https://p.dw.com/p/17r9R

„Уште смрди на сумпор. Овде вчера беше ѓаволот и зборуваше дека целиот свет е негов“, рече Уго Чавез во септември 2006 година зборувајќи на Генералното собрание на ОН, мислејќи притоа на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Уго Чавез беше познат по силните зборови и метафорите. Неговите полемички настапи беа усмерени пред се‘ против САД и „северноамериканскиот империјализам“.

Тој ги освои срцата на избирачите во Венецуела и на многу левичари ширум светот борејќи се против неокапитализмот. Кај некои лушеЧавез достигна статус на спасител и медиумска ѕвезда, а тој него го негуваше во својата телевизиска емисија. Нема сомнение дека таквото однесување и статус му беа од политичка корист, но би било погрешно да биде прогласен за чист калкулант. Чавез беше човек со мисија, а борбената терорика му беше убедлива, благодарејќи на неговото потекло.

Човек од народот

Иако не беше каудиљо во вистински смисол на зборот (на шпански - војсководач), Чавез спаѓа во традицијата на тие харизматични водачи на бунтовниците кои пред 200 години, во времето на војната за независност, владееле со големи делови на Латинска Америка. Каудиљосите никаде не владееле толку долго како во долините околу реката Ориноко. Во тој крај, на 28 јули 1954 година е роден Уго Чавез.Шест месеци суша, шест месеци дожд и поплави оставаат траги на овој предел и врз луѓето кои тука живеат. Дивата романтика на природата, суровоста на животот, воено минато, сето тоа го чини идентитетот на луѓето во Венецуела и се отсликува во нивните народни песни.

Zum Tod von Hugo Chavez Venezuela
Фотографија: picture-alliance/dpa

Чавез потекнува од учителско семејство, со политика започнал да се занимава во своите 30-те години, како офицер на венецуелската војска. Во 1983 година, заедно со други офицери, го основаше „Боливаријанското револуционерно движење 200“. Со тоа потсети на „Либертадор“, ослободителот Симон Боливар, кој го ослободи северниот дел од Јужна Америка од шпанските колонијалисти, а чиј следбеник Чавез се сметаше себе си. Незадоволна од политиката, која очигледно не била водена во интерес на широките маси на народот, групата офицери во 1992. година организираше државен удар. Пучот против тогашниот претседател Карлос Перес не успеа. Неговиот наследник, Рафаел Калдера, го пушти Чавез на слобода, по две години поминати во затвор. Чавез потоа тргна во потрага по политички сојузници во Латинска Америка. Во 1996 година, за да се кандидира за изборите во 1998. година, ја основаше левичарската партија „Движење за петта република“.

Претседател на сиромашните

Прво третиран за аутсајдер, Чавез брзо стана популарен, своите социјалистички идеи ги изнесуваше со јазикот на народот, кој го избра за свој претседател со големо мнозинство. Веднаш по инаугурацијата тргна во акција-владата ја  национализираше клучната индустрија, посебно нафтениот сектор. Од приходите беа финансирани социјалните програми со кои беше обезбедено здравствено осигурување за сиромашнитеи основно образование за нивните деца. Во 2001. година следеше аграрна реформа за ревитализација на запуштеното земјоделско земјиште. Под државна сопственост беа ставени околу пет милиони хектари земја и дадени на користење на сиромашните земјоделци и сточари.

Zum Tod von Hugo Chavez Venezuela
Хуго Чавез и Барак ОбамаФотографија: Reuters

Симбол на левицата во Латинска Америка

Со своето радикално движење, напуштањео на неокапитализмот кој од 80-те години на минатиот век беше доминантен модел во Латинска Америка, Чавез поттикна нова политичка дебата во овој дел од светот, вели колумбискиот историчар Андре Оталваро. И навистина, и другите земји во регионот добија левичарски претседатели. Уго Чавез, покрај тоа што донесе нов економски систем  во Латинска Америка, беше и родоначалник на новиот заеднички идентитет, зашто емоционално го обедини против силите на северниот потконтинент. Тој беше едена од движечките сили за создавање на надворешнополитичките сојузи CELAC, ALBA и UNASUR како противтежа на Северот.

Идеолошки колебања

Иако Чавез немаше ништо против на класниот непријател за американски долари да му продава венецуелска нафта, неговиот антиамерикански став стануваше се‘ повеќе опседнатост. На пример, во зимата 2006-2007. година на сиромашните граѓани на САД бесплатно им делеше нафта за греење. Како ироничен одговор кон својот „вечен“ непријател, Џорџ Буш, „оскатана злото“, Чавез со Лукашенко и Ахмадинеџад формираше „оска на доброто“.

Но, со оглед на говорите во кои Чавез Израел го нарекуваше убивачка рака на северноамериканското царство, пријателството со Иран би морало да се земе посериозно. Еврејската заедница во Венецуела се чувствува загрозена поради антисемитските ставови на провладините медиуми.

Наследството на Чавез

Исто така треба да се гледа на успехот на Чавезво земјата: во текот на неговото владеење многу жители на Венецуела успеаја да се отргнат од крајната сиромаштија. Сепак, половина жители уште спаѓа во сирмошани. И покрај аграрната реформа, се увезуваат 70 проценти од храната, а економијата уште себазира на нафтата и зависи од нејзината моментна цена на светскиот пазар.

Чавез ни одблиску не успеа да ја стави под контрола корупцијата и организираниот криминал. Што е можеби уште полошо, од 1999 година стапката на убиства во Венецуела е трипати поголема. Уго Чавез Рафаел Фриас го основаше „социјализмот на 21-от век“ и го рашири низ Латинска Америка. Такви харизматични личности не се раѓаат често. Чавез, и покрај се‘, поради тоа ќе остане незаборавен за многумина свои сонародници.