1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија: Една ограда не е доволна

НД/ дв
28 февруари 2017

Унгарија најави дека ќе изгради втор ред ограда за да го спречи влегувањето на мигрантите во земјата. Потегот на Виктор Орбан најверојатно ќе предизвика тензии помеѓу неговата администрација и ЕУ.

https://p.dw.com/p/2YNTB
Ungarn - Grenzzaun gegen Flüchtlinge und Migranten
Фотографија: Reuters/L. Balogh

Портпаролот на унгарската влада потврди дека Унгарија ќе изгради дополнителна ограда на јужната граница со Србија. Ваквата најава доаѓа во време кога земјата се соочува со критики од активистите и останатите земји членки на ЕУ поради состојбата со човековите права за време на владеењето на Орбан.

Виктор Орбан лично го надгледуваше градењето на првата ограда во 2015 година кога Унгарија беше дел од главниот коридор за бегалците од Блискиот Исток и Централна Азија кои бараа азил во Европа. Во врвот на бегалската криза во септември 2015 година, повеќе од 10.000 беглаци беа уапсени од страна на унгарската полиција.

Една ограда не е доволна

Запирањето на приливот на мигранти е приоритет за претседателот на десничарската влада во Унгарија, Виктор Орбан, еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп во Европа. Во септември 2016 година, тој најави дека планира да изгради втора ограда на границата со Србија, инсистирајќи дека „една ограда не е доволна“.

Владата во Унгарија вели дека бројот на мигранти кои бараат влез во Унгарија се намалил значително од 2015 година и дека граничната полиција сѐ уште спречува стотици лица да ја преминат границата секој ден.

Во тек се подготовките за започнувањето на изградбата на оградата, а шефот на кабинетот на Орбан, Јанос Лазар изјави дека владата издвоила 130 милиони евра за оградата и за планираните нови кампови за мигранти.

Karte Grenzzaun zwischen Serbien und Ungarn Englisch

„Исмевање со правото на барање на азил“

Политиките на Обран предизвикаа критика и од надворешните набљудувачи, а групите за заштита на човековите права како унгарскиот Хелсиншки комитет и Хјуман рајтс воч, во петокот испратија жалба до Европскиот комесар за миграција поради предложените мерки во земјата.

„Европската комисија не треба да стои настрана додека Унгарија се исмева со правото на азил“, изјави заменик директорот на Хјуман рајтс воч, Бенјамин Ворд. „Користењето на транзитни зони како центри за задржување на бегалците и враќање на мигрантите од унгарска на српска територија е злоупотреба, бесцелно и сурово“.

На почетокот на овој месец, Орбан предизвика загриженост кога неговата влада најави планови за изградба на нови кампови, во кои бегалците би биле сместени во транспортни контејнери. Лазар подоцна објасни дека новата регулација би била имплементирана доколку земјата се најде во вонредна ситуација поради масовна имиграција, како што е сега.

Орбан често влегува во конфликт со ЕУ, а во една прилика изјави дека е во „отворен конфликт“ со блокот. Претходно, тој изјави дека муслиманските бегалци не припаѓаат во христијанската Европа.