1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ одбележува 60 години од постоењето

11 декември 2006

УНИЦЕФ е воено дете, родено врз урнатините на Втората светска војна. Всушност, организацијата денес воопшто не би требало да постои. Кога Обединетите нации на првото генерално собрание на 11 декември 1946 година го основаа УНИЦЕФ, му дадоа задача да им помага на гладните и болни деца во опустошената Европа се додека не се надмине големата нужда. Но, потоа УНИЦЕФ започна голема програма за помош на земјите во ра

https://p.dw.com/p/Adv5
УНИЦЕФ 60 години успешна приказна
УНИЦЕФ 60 години успешна приказнаФотографија: AP

звој.

Денес УНИЦЕФ е најпознатата организација за правата на децата. 8 илјади соработници се ангажираат во 160 држави за тоа децата да можат да одат на училиште, да добијат медицинска помош, храна и чиста вода и да бидат заштитени од експлоатација.

Анжелик Киџо по повод јубилејот, на УНИЦЕФ му подари песна. Пејачката од Бенин е една од многуте познати личности што како амбасадор на добрата волја и подарува внимание на организацијата. Дали Блеки Фуксбергер или Дејвид Бекам, Сабине Кристијансен или Никол Кидман, Роџер Мур или Роже Федерер, сите сакаат само едно: да им помогнат на преку една милијарда деца што живеат во сиромаштија и нужда. Досегашните успеси не беа наградени само со Нобеловата награда за мир, туку се безгранично признаени. Смртноста кај децата во земјите во развој е радикално намалена, правата на децата во целиот свет се цврсто запишани иако не секаде и спроводени, болестите како детска парализа преку вакцинирање се скоро совладани:

„Во 80-десеттите години само 10 до 20 насто од децата во земјите во развој беа вакцинирани. Денес со вакцина се опфатени 70 насто„.

Ова е билансот на спорната шефица на УНИЦЕФ Ен Венеман. Назначувањето на поранешната американска министерка за земјоделство предизвика страхување дека конзервативната госпоѓа од кабинетот на Џорџ Буш, УНИЦЕФ ќе го разбере буквално и дека темите како заштита, сексуално воспитување или образованието на девојчињата би можеле да исчезнат од дневниот ред:

„Доаѓам со агенда на која нема социјални теми. Сакам да им помогнам на децата„.

Во меѓувреме, во прв план е битката против сидата. САД како најголеми финансиери традиционално играат водечка улога во УНИЦЕФ. По една година на таа функција и Ен Венеман мораше да признае дека задачите на нејзините 8 илјади соработници и околу 40 илјади доброволци во битката против гладта и заразите е успешна приказна. Основањето на УНИЦЕФ пред 60 години беше, како што рече носителот на Нобеловата награда за мир Нелсон Мандела: одговор на пропаста на човештвото во Втората светска војна. „Третманот на децата е меѓународен проблем чие решение треба да се бара на меѓународно ниво. Зашто надежта на човештвото е во наредните генерации„ се вели во повелбата на основањето на УНИЦЕФ. Всушност, организацијата требаше да се укине во 1950 година. Но,еден пакистански амбасадор потсети на децата во другиот дел на светот, па генералното собрание реши УНИЦЕФ да опстане.

Во меѓувреме, усвојувањето на конвенцијата за првата на децата секако беше камен темелник, иако досега само малку членки на ОН се придржуваат кон неа. Шефицата на УНИЦЕФ Венеман вели:

„Нема недостиг на ресурси, туку на волја„.

Според тоа, најчесто недостига политичка волја. „Светот стана само малку поправеден. Меѓутоа, на политичарите им е се потешко да ја оправдуваат неправдата. Тоа се нарекува напредок„ изјави непосредно пред смртта најстариот амбасадор на УНИЦЕФ, сер Питер Јустинов.