УНИЦЕФ остана без печатот за донации
21 февруари 2008Една хуманитарна организација мора да си го задржи добриот углед. Но, по аферата во германскиот огранок на УНИЦЕФ во која се откри дека ги злоупотребувале донаторските фондовите, работите не можеа да се одвиваат полошо.
Германскиот централен институт за социјални прашања, ДЗИ - тело кое го контролира работењето на хуманитарните организации - им го одзеде печатот за донации, со кој се потврдува дека конкретна личност или компанија донирала во фондот. Скандалот кој изби е поврзан со висината на провизијата што им се исплатувала на оние кои обезбедувале донации за УНИЦЕФ. На пример, за една трансакција, вработен кој ја обезбедил голема донација од ланец на супермаркети, добил бонус од 30 000 евра.
Грешката на УНИЦЕФ е затајувањето на провизиите
Буркард Вилке, портпаролот на ДЗИ објаснува дека грешката на УНИЦЕФ е тоа што сакале да ги прикријат овие исплати:„Вакви бонуси и награди биле исплатени во неколку случаи. Не сметаме дека е тоа толку лошо или погрешно, но поради сензитивноста на ваквите исплати, тие мора да бидат транспарентни. УНИЦЕФ го прекрши ова златно правило, и тоа е една од причините зошто донесовме одлука да им го одземеме печататот за донации“.
Привремениот претседател на бордот на УНИЦЕФ во Германија, Рајнхард Шлагинтвајт признава дека биле направени грешки и дека УНИЦЕФ се обидува да стори се за да ги реши проблемите. Но, за него одземањето на печатот за донации е големо враќање назад:„Многу сум разочаран, бидејќи е ова огромен удар врз имиџот на УНИЦЕФ во Германија“.
УНИЦЕФ Германија ќе може да постави барање за враќање на печатот, дури во 2010 година. Според многу аналитичари овој скандал може да ја разниша довербата на луѓето во хуманитарните организации.