„УНИЦЕФ„ ќе вакцинира 500.000 деца во Дарфур
10 август 2004Двете бунтовнички групи во кризниот регион Дарфур се согласија да се овозможи вакцинирање на повеќе од 500.000 деца кои се заглавени зад линијата на териториите кои ги контролираат бунтовниците. Договорот бил постигнат синоќа во Картум, помеѓу pреставниците на Организацијата на ОН и Суданската ослободителна армија.
Кампањата за вакцинирање која треба биде реализирана од страна на УНИЦЕФ, се планира да започне од 21 овој месец. Според портпаролот на УНИЦЕФ, за вакцинирање од волкав обем ќе бидат потребни од три до пет денови. Вакцинирањето е неопходно заради брзото ширење на вирусот кој ја предизвикува болеста полио.
Дождливото време кое владее во овој регион придонесува за брзо ширење на болеста.
Во меѓувреме Мисијата на ЕУ соопшти дека не пронашла докази за извршен геноцид во Дарфур. Извештајот на мисијата е во спротивност со оценките на америкаснкиот конгрес, кој настаните во Дарфур ги оцени како геноцид .
Питер Фејт, Советникот на Хавиер Солана синоќа потврди дека ЕУ нема доказi за геноцид. Kонстатирано e дека се сторени голем број убиства, но постојат малку докази за владини напори за заштита на цивилното население.
ЕУ изрази сомневање во подготвеноста на суданската влада да соработува во разоружувањето на арапските милиции која врши напади врз селата во Дарфур. Оттука е неопходна соработка помеѓу Картум и меѓународната за да се воспостави мир во регионот.
Министерот за надворешни работи на Судан, Мустафа Осман Исмаил изјави дека временскиот рок од месец дена кој го утврдиja ОН е краток, но верува дека ќе успеат да ги разоружаат милициите.