1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Усвоен Законот за употреба на јазиците

Александар Чомовски26 јули 2008

Пратениците во македонскиот парламент го изгласаа Законот за употреба на јазиците според Бадентеровиот принцип. Законот не предвидува употреба на албанскиот како втор службен јазик на целата територија на Македонија.

https://p.dw.com/p/EkCZ
Опозицијата критикува, власта задоволнаФотографија: dpa

Прифатено е претседателите на собраниските комисии- Албанци, да претседаваат на албански јазик. Пратениците Албанци пак ќе можат материјалите да ги добиваат освен на македонски и на албански јазик.

Владеачката партија ВМРО ДПМНЕ го поздрави усвојувањето на законот за употреба на албанскиот јазик, истакнувајќи дека е во согласност со Охридскиот договор и програмските начела. Опозицискиот СДСМ во синоќешното соопштение реагираше дека законот е донесен на шверцерски начин, во последен момент и без неопходните политички консултации.

ДУИ оцени дека употребата на албанскиот јазик ќе овозможи граѓаните и на министертвата да им се обраќаат на својот мајчин јазик. Тоа е најсилна основа на проектот да се надминат етничките насилства и нетолеранција.