1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште поголем јаз меѓу богатите и сиромашните

Клаус Улрих/сн18 јули 2016

Германија е всушност многу поголема, отколку што е претставено во „официјалната“ статистика. Дали германската влада има повод да го зголеми данокот на приход за најбогатите?

https://p.dw.com/p/1JQvK
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene

Новинарите од германскиот политички магазин „Монитор“ од телевизиската станива АРД се повикуваат на приходите на врвно платените соработници од повеќе од 1.300 компании и кои се собрани од страна на консултантската компанија Киенбаум. Според овие податоци приходите на германските директори од 1997. до 2014. година се зголемиле за 42 насто, а приходите на челновите на управите и уште повеќе- за 59 отсто. Ако се земат предвид само најзначајните и најголемите германски фирми сместени во берзанскиот индекс ДАКС, таму приходите на членовите на управите во тој период се зголемиле за 186 проценти. Истовремено, просечните приходи на граѓаните во тие 17 години пораснале за 15 насто.

Како што открива овој магазин, всушност уште поголем проблем е што и на политички одговорните во државата им се сервираат погрешни и многу пониски податоци. Така компанијата Кинбаум располага со податоци кои сведочат дека просечниот приход на директорите и членовите на управите во 2013. година бил околу 500.000 евра годишно- секако бруто, додека политичарите во Берлин главно само располагаат со бројки кои ги изнесува социо-економскиот панел СОЕП. А тој пак наведува дека најбогатиот процент од населението во оваа земја таа година заработил само 200.000 евра.

Разлики кои многу значат

А токму податоците од СОЕП се еден од најважните извори според кои и германската влада ги објавува своите соопштенија за богатството и сиромаштијата на граѓаните. Дотолку и економистот Петер Бофингер укажува дека ваквата разлика мора да има и свои последици: „ Јазот меѓу богатите и сиромашните е многу подлабок отколку што тоа го покажуваа досегашните статистички податоци.“

Symbolbild Konferenz Konferenzraum
Фотографија: Fotolia/Pixelwolf

Секако дека никој нема ништо против способните да заработуваат добро, но истотака пракса е оние кои навистина врвно заработуваат ретко и да плаќаат- изразено во евра и центи многу повеќе од оние со размерно просечни примања. Бидејќи тие обично имаат цели канцеларии даночни советници кои, дури и да не се помине границата за затајување на данок, наоѓаат начин во државните благајни од нивните џебови даотидат што помалку пари. А оние кои заработуваат просечно или дури помалку од просекот речиси редовно го плаќаат секој цент кој ќе им го одреди даночната служба.

Заклучокот на Бофингер е јасен: „Според мое мислење би било примерно повторно да се вратат даночните стапки на приход какви што имавме во 90-тите. А тогаш лицата со највисоки примања плачаа данок на добивка по стапка од 53 насто.“ Моментално стапката и за таквите претседатели на управни одбори е многу пониска- 42 отсто, со тоа што во 2007. година, по многу мака и одбивања од ЦДУ, е одлучено на оние кои годишно заработуваат над 250.000 евра да им се наметне, како што тоа медиумите обично го нарекуваат, „данок за богатите' во износ од дополнителни 3 проценти.

Размислува ли владата на канцелрката Ангела Меркел за зголемување на данокот, тоа новинарите не успеаа да го дознаат. Сепак, од Министерството за труд кое е и задолжено за владините извештаи за сиромаштија и богатството на германското население, на новинарите од АРД им ветија дека во иднина во своите соопштенија „ќе ги почитуваат новостите во областа на статистичката анализа на богатство во Германија“.