Фејсбук мора да бара и да брише
3 октомври 2019Европскиот суд во Луксембург денеска донесе пресуда во случајот на поранешната шефица на австриските Зелени, Ева Главишниг, која била навредувана на социјалната мрежа Фејсбук. Таа, меѓу другото, била нарекувана „мизерна предавничка на народот“ поради тоа што се залагала за интересите на бегалците. Политичарката се жалеше, по што Фејсбук ја избриша објавата.
Според одлуката на судот, онлајн-мрежите и порталите, во случај на противзаконски навреди, може да бидат принудени да бараат такви или слични констатации и да ги избришат. ЕУ-правото не е спротивно на соодветните одлуки донесени од страна на националните судови, смета Европскиот суд во Луксембург. Земајќи го предвид релевантното меѓународно право дури може да се побара бришење на вакви објави ширум светот!
Повеќе: Фејсбук отстрани 212 профили и страници од Македонија и Косово
Прашањето кое всушност судот мораше да го разјасни беше - дали Фејсбук во ваков еден случај може да биде обврзан од страна на еден суд да бара и да брише исти или слични навредливи коментари. Според судиите, одговорот е - да. Притоа, коментарите со слична смисла би морало да бидат многу прецизно објаснети, за Фејсбук да може да ги пронајде.