Фејсбук хакиран!
16 февруари 2013„Минатиот месец заштитата на Фејсбук откри дека нашиот систем е мета на софистициран напад“, објави компанијата во својот блог. „Нападот се случил кога малкумина вработени посетиле веб страница на развивач на програми за мобилни телефони, која била заразена со вирус“.
Компанијата, која тврди дека има повеќе од 1.000 милијарди активни корисници ширум светот, додава: „Фејсбук не е единствениот во овој напад. Јасно е дека и други исто така неодамна се нападнати“. Компанијата информира дека хакерите искористиле недостаток во програмот Јава.
„Веднаш кога го откривме присуството на вирусот ги поправивме сите инфицирани машини, ги информиравме органите за спроведување на законот и започна истрага која се спроведува до денес“, информира Фејсбук.
Веста за нападот ќе ги крене црвените знамиња на поборниците за приватност. Објавата од Фејсбук следува откако неодамна имаше напад и на други познати вебстраници. Минатиот месец Твитер објави дека е хакиран и дека околу 250.000 профили на оваа социјална мрежа биле заразени со вирус, кој им овозможил на напаѓачите да дојдат до информации за корисниците, кои вклучуваат нивни имиња и мејл адреси. Твитер ги повика корисниците да си ги променат лозинките.
Нападнати беа и вебстраниците на Њујорк тајмс, Вашингтон пост и Волстрит журнал. Тие напади беа извршени од кинески хакери кои се наоѓале во Кина.