ФИФА се заплетка за Мундијалот во Катар
9 јануари 2014Од централата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја демантираа информацијата, односно изјавата на својот генерален секретар Жером Валк дека Светското првенство во Катар 2022 година наместо во летниот период ќе се одржува од ноември до јануари.
„Термините за натпреварување се предмет на комплексни консултации во кои учествуваат сите најголеми фактори во светскиот фудбал, конфедерациите, националните сојузи, лигите, клубови, играчите, како и комерцијалните партнери на ФИФА. Поради тоа што со одигрување на натпреварите има уште осум години, нема да се брзаме за одлуката, имаме неопходно време за најдобриот можен договор, бидејќи мораме да ги земеме предвид сите елементи кои се важни за одлуката. Во секој случај Извршниот комитет на ФИФА нема да донесе дефинитивна одлука пред СП во Бразил во ова лето“, се наведува во соопштението на ФИФА.
Светските првенства во фудбал досега се играле во мај, јуни и јули, но високите температури во Катар во летниот период би можеле да влијаат на здравјето на играчите и навивачите.
„Натпреварите на Светското првенство 2022. нема да се играат во јуни или јули“, изјави вчера Валк за француското радио. Наместо тоа, тој најави, дека турнирот ќе се одигра во периодот од средината на ноември до средината на јануари.