1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

ФИФА ќе ја исклучи Русија од сите натпреварувања

БГ /дпа
28 февруари 2022

Руската фудбалска репрезентација ќе биде исфрлена од квалификациите за Светското првенство во фудбал кое годинава ќе се одржи во Катар. ФИФА ја смени одлуката на препорака на Меѓународниот олимписки комитет

https://p.dw.com/p/47jlv
Kroatien Weltmeisterschaft 2022 FIFA World Cup
Навивачи на руската фудбалска репрезентација. Фотографија: ITAR-TASS/imago images

Светската фудбалска организација (ФИФА) ја суспендираше Русија од сите натпреварувања поради агресијата врз Украина. Руската репрезентација нема да игра во плеј-оф натпреварите за пласман на СП во Катар. 

Одлуката е донесена откако Меѓународниот олимписки комитет им препорача на сите спортски федерации да ги исклучат руските и белоруските спортисти од сите натпреварувања на меѓународно ниво поради руската инвазија врз Украина, и поддршката на Белорусија за истата.  

ФИФА претходно предложи Русија да ги игра сите мечеви на неутрален терен, зад затворени врати и без националните симболи. 

Таквиот предлог наиде на голем отпор и критики од бројни фудбалски федерации во Европа и светот. Русија требаше да игра против Полска на 24 март, а победникот требаше да го одлучи патникот во Катар со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Шведска. Сите три репрезентации соопштија дека немаат намера да играат против Русија.  

Вечерва се очекува и УЕФА да донесе одлука за суспензија на сите руски клубови од европските натпреварувања.