НАТО: Фон Дер Лајен сигурна дека Македонија ќе добие покана
11 јули 2018Силна поддршка од Германија за Македонија да добие покана за членство во НАТО, изрази германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен во изјава за МИА.
„Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели и сигурна сум дека тоа ќе биде резултатот на Самитот", рече Фон Дер Лајен. Германската министерка најави дека во септември ќе ја посети Македонија, најверојатно во поддршка на референдумот кој се очекува да се одржи тогаш.
„Стискам палци референдумот да помине добро. За нас е многу важно нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО", изјави Фон Дер Лајен за МИА.
Повеќе: Шекеринска: Го поправаме пропуштеното во 2008
Урсула фон дер Лајен сѐ почесто се споменува во германските медиуми како иден генерален секретар на НАТО и наследник на актуелниот - Јенс Столтенберг. Мандатот на Столтенберг завршува во 2020 година, и проценките се дека Фон Дер Лајен има големи шанси да застане на чело на највисоката цивилна функција во воената алијанса, пред сѐ поради нејзините добри врски во САД.