1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Заедно против омразата кон Евреите

Петер Хиле
23 јануари 2020

75 години по крајот на холокаустот, Евреите во не само во Европа одново стравуваат од напади. Што да се стори против антисемитизмот? На форумот за холокаустот во Јад Вашем на оваа тема дискутираат политичари од 40 земји.

https://p.dw.com/p/3Wgi0
Tag der Kippa in Bonn
Фотографија: picture alliance/dpa/F. Gambarini

Напаѓачот дојде одзади. На едно младо момче во соблекувалната на едно фитнес студио му го извади еврејското капче, му го фрли во корпа за ѓубре и извика „ти валкан Евреину!„ и „да живее Палестина." Овој антисемитистички напад му се случи кон крајот на минатата година на едно 19 годишно момче во јужно германскиот град Фрајбург. Ова е еден од илјадници случаи на антисемитистички криминал воден од омраза во Германија.

„Нападнат беше еден мој пријател и поради тоа толку лично го доживувам случајот," вели Артур Бондарев за ДВ. И тој е Евреин, и тоа ортодоксен Евреин. Носи еврејско капче, зизит и традиционална облека со набори кои треба да го потсетуваат на Божјите заповеди. Ова 28 годишно момче студурира економија во јужногерманскиот град Констанц. Нема доживеано насилство врз него, но бил навредуван од лица кои мразат Евреи. „Ние сме свесни дека мора да сме претпазливи на улица и во јавност. Свесни сме дека има луѓе кои можат да не нападнат.„

Омразата не престанува

Омразата кон Евреите постои од античко време. Христијанските попови го култивирале, а во средниот веќе резултирало во погроми од Гранада до Вроцлав. Во модерното време тоа е водено пред се од расистите и националистите кои ги исклучуваат Евреите како страни. Овој модерен антисемитизам кулминираше со милионски убиства од германските националсоцијалисти на Евреите од Европа. Но, дури и по холокаустот сѐ уште има луѓе кои веруваат дека земјата ја вртат моќни Евреи, поради што Евреите се напаѓани и навредувани низ светот.

Повеќе:

-Посета на „најужасното место на светот“

-Моја Европа: Антисемитизмот во Европа не е увезен

-Депортација на македонските Евреи- ќе побара ли Бугарија прошка?

Ќе престане ли ова некогаш? „Од мој религиозен аспект тоа веројатно ќе се случи кога повторно ќе се врати Месијата," вели Артур Бондарев. „Но, дотогаш наша заедничка задача е да му се спротивставиме на ова. Дури и ако не успееме целосно да го победиме антисемитизмот, тоа не значи дека треба да престанеме да се бориме против тоа."

Reiseland Israel
Фотографија: picture-alliance/Dumont/E. Wirba

„Сеќавање на холокаусотот, борба против антисемитизмот“

Луѓе како Артур Бондарев речиси секојдневно во мал обем ја водат оваа борба. На 23 јануари во Ерусалим, принцови, премиери и претседатели зборуваат како треба оваа борба да се води на светската политичка бина. Тие се поканети на петиот „Форум за холокаустот“ во меморијалниот центар Јад Вашем под покровителство на израелскиот претседател Ровен Ривлин. Присуство потврдија 40 високи државници, меѓу кои и претседателите на Русија и на Франција, Путин и Макрон, британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, американскиот вицепретседател Пенс и германскиот претседател Штајнмаер. Полскиот претседател Анджеј Дуда го откажа присуството поради спор со Путин. Настанот се случува под мотото: „Сеќавање на холокаустот, борба против антисемитизмот“. На агендата се говори, музика и положување венци.

Дали ваквите средби приднонесуваат некако во борбата против антисемитизмот? Да, вели Самуел Салцборн, професор по политички науки на Универзитетот Гисен и автор на книгата „Глобалниот антисемитизам“. "Во моментов сме дојдени до точка кога постои блага надеж дека има зголемена политичка чуствителност оти антисемитизмот е навистина проблем“, вели Салцборн за ДВ. „Велам блага надеж, бидејќи секогаш се поставува прашањето што од заложбите и прокламациите на крајот ќе стане реалност, и до каде добрите намери навистина ќе се преточат во политички дела."

Образование, пред да биде предоцна

Ако е како што вели Салцборн, тогаш шефовите на држави и влади кои присуствуваат во Ерусалим прво треба да ја сменат образовната политика. „Мора да имаме предвид дека никој не се раѓа како антисемитист. Тоа е став кој се стекнува во процесот на социјализација." Поради тоа уште во детството и младоста може многу да се постигне преку образование. „Но, ние знаеме дека во училиштата многу малку се прави на овој план, а и учебниците не се соодветно напишани."

Neue Synagoge in Konstanz eröffnet
Фотографија: picture alliance/dpa/F. Kästle

Штом еден антисемитист си го оформи ставот, тогаш никакави аргументи и факти не допираат до него, вели Салцборн. Но, и тогаш се бара од политиката да преземе нешто против криминални дејствија водени од омраза. „Во таков случај тоа се работи со кои треба да се занимава полицијата и јавното обвинителство, тогаш станува збор за репресија и санкции. Но и тука има нешта кои може да се подобрат во правната рамка."

Терор во Хале, Питсбург и Париз

Во некои земји во моментов се работи на закони со кои треба подобро да се справуваат со антисемитистички злосторства водени од омраза. И во Германија, Бундесратот започна една соодветна иницијатива, откако терористичкиот напад во октомври 2019 година во синагогата во Хале предизвика ужас. Бројот на антисемитистички казнени дела од 2013 година е зголемен за 40%. При тоа ова статистика е врз база само на случаите кои се пријавени во полиција.

Во САД антисемитистилчкиот напад врз Синагогата во Питсбург во 2018 година предизвика голема реакција, исто како и нападот на исламисти врз еден еврејски супермаркет во Париз во 2015 година. „Антисемитизмот, особено во насилна форма е особено присутен во региони во кои е јака екстремната десница, националистичките, а со тоа и расистичките движења, или во оние во кои е особено силно исламистичкото движење," заклучува Салцборн.