1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

150 години од раѓањето на Махатма Ганди

ЕМФ
2 октомври 2019

На денешен ден пред 150 години е роден Махатма Ганди, човекот кој ја ослободи Индија од колонијално ропство.

https://p.dw.com/p/3QbsM
BdTD Indien Feier zum 150. Geburtstag von Mahatma Gandhi
Фотографија: Reuters/P. Ravikumar

Ганди е личност на која многу Индијци ѝ оддаваат почест. Така е и со овие ученици, кои во училишниот двор се распоредени на начин да го претстават неговиот лик.

Ганди беше славна личност уште додека беше жив. Тој на почетокот на 20. век се бореше против расна поделба и за рамноправност. Од крајот на 1910-те во Индија застана на чело на движењето за независност. Бараше права за Далитите во Индија и за жените. Се залагаше за помирување на хиндусите и муслиманите и се бореше против колонијалната експлоатација. Ненасилен отпор, цивилна непослушност и штрајкови со глад беа неговите методи на борба. И успеа - во 1947 година индиското движење за независност успеа во борбата против британското колонијално владеење. Индија беше поделена. Половина година подоцна Ганди беше убиен од хиндуистички фанатичен националист.