Фотографија на денот: 20 години од смртта на Дијана
31 август 2017Реклама
Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во ноќта меѓу 30 и 31 август 1997 година во уличен тунел во Париз. Со нејзе загинаа и нејзиниот животен сопатник Доди ал-Фајед и возачот Хенри Пол. Дијана стана британска принцеза со склучувањето брак со принцот Чарлс во 1981 година. Тие се разделија во 1992 година, а четири години подоцна следуваше и официјалниот развод.