Фотографија на денот: Божиќна регата во Венеција
20 декември 2021Реклама
Гондолиери облечени како Дедо Мраз и годинава беа дел од предбожиќната регата во Венеција, која се одржа пред малку гледачи. Во Италија од пред неколку дена важат заострени мерки против Ковид-19. Сите туристи од ЕУ во Италија треба да покажат не само доказ дека се вакцинирани или дека ја имаат прележано болеста, туку и негативен корона-тест. Според актуелните правила, се прифаќаат ПЦР-тестови кои не се постари од 48 часа и антигенски тестови кои не се постари од 24 часа. Освен тоа, невакцинираните лица мора да поминат пет дена во карантин.