Вертикалната шума на Милано
11 мај 2022Реклама
Висококатниците не мора да изгледаат сиво и пусто - оваа „пошумена“ станбена зграда во Милано, Италија е дом на стотици дрва и грмушки од сите четири страни на фасадата. Ова резултира со шумска површина од околу 7000 квадратни метри. Растенијата во зградата наречена „Вертикална шума“ (Bosco Verticale) треба да го подобрат лошиот градски воздух и да штитат од ветер и од градската бука.