Во светот работат над 160 милиони деца
10 јуни 2022Поради економските последици од пандемијата на корона, бројот на деца во светот кои работат наместо да одат на училиште се зголемува и натаму.
Според проценките на УНИЦЕФ, во моментов во светот работат околу 160 милиони деца, а тој број до крајот на годинава ќе се зголеми за уште девет милиони. Шефот на УНИЦЕФ Германија, Кристијан Шнајдер, изјави дека детскиот труд се зголемува поради економските турбуленции кои се причина за ниски плати и неможност на семејствата да преживеат. „Добри работни услови за родителите, доволни приходи и здравствени и сигурносни мерки во компаниите ќе придонесат за намалување на детската работа“, оцени Шнајдер и побара од владите во светот да им дадат на децата „заштита и шанси“.
На оваа фотографија: деца во Њу Делхи, Индија работат близу своите родители на градежен проект.