Култура
Водопад во Дубаи
9 октомври 2021Реклама
На фотографијата гледате една жена во подножјето на една од најголемите атракции на Светската изложба ЕКСПО 2020 која се одржува во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. Водата се слева низ заоблените ѕидови високи 13 метри и тоа во ритам на музиката која е специјално компонирана за ЕКСПО. Но, вистински спектакл се случува ноќе, кога водата, пркосејќи ѝ на гравитацијата, почнува да тече покрај ѕидовите.