1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Возот ѝ пркоси на поплавата

ЖА /ДВ
4 февруари 2021

По Рајна веќе речиси и да не пловат бродови поради надоаѓањето на реката, но во Нидерау во Хесен железницата не се предава.

https://p.dw.com/p/3oqpR
BdTD Deutschland Überschwemmung bei Frankfurt
Фотографија: Michael Probst/AP Photo/picture alliance

Континуираниот силен дожд и топењето на снегот во големи делови од Германија предизвикаа надојдување на реките и поплави. По Рајна речиси веќе и да нема бродови, и на реката Мозел која се излеа од коритото со денови е прекинат водниот сообраќај. Во повеќе градови по течението на реките водата навлезе и во подруми и куќи. Но, во Нидерау во покраината Хесен железницата уште не се предава, возовите ќе возат сѐ додека е тоа можно. На фотографијата: воз преминува преку патот и рампите се спуштени, но по патот во близина на Франкфурт секако никој не поминува - тој е целосно под вода.