Вонредна состојба поради пожарите во Австралија
19 декември 2019Реклама
Во делови од сојузната држава Нов Јужен Велс денеска се очекуваат температури околу 45 степени Целзиусови, а во Сиднеј од сабота дури и повисоки температури. За време на вонредната состојба граѓаните мора да ги следат упатствата на властите. Северно од Сиднеј и натаму беснее голем пожар. Оваа коала со своето младенче лежи во зоолошката градина Таронга во Сиднеј, откако беа спасени од пожарот на Модра Планина.