1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиКина

Вухан во кризен режим

СН/дв
9 јули 2020

По карантинот поради коронавирусот на почетокот на годината кинескиот град Вухан сега страда од последиците на поројните дождови. По излевањето на реката Јангце во градот е проглесена тревога од втор степен.

https://p.dw.com/p/3f0TV
BdTD China Überschwemmung
Фотографија: Getty Images/AFP

И повторно е погодена централната кинеска провинција Хубеи. По поројните дождови, реката Јангце се излеа од своето корито и поплави големи области на метрополата Вухан.

Крај на обилните врнежи, кои траат со денови не е на повидок. Водостојот на најдолгата река во Кина продолжува да расте - а кај жителите на Вухан владее страв и неизвесност.

Кина: Со сите сили и методи против корона-вирусот

Вухан, од каде се смета дека потекнува новиот коронавирусот, кој предизвика пандемија во светот, повеќе од два месеца беше во строг карантин заради спречување на ширење на заразата.