Конфликти
Еден милион луѓе веќе избегале од Украина
3 март 2022Реклама
Еден милион луѓе избегаа од Украина во соседните земји од почетокот на рускиот напад врз таа земја пред една недела, соопшти високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
„За само седум дена бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседните земји“, напиша шефот на УНХЦР на својот Твитер профил.
Гранди исто така рече дека за уште милиони луѓе, внатре во Украина, време е оружјетода замолкне за да може да пристигне хуманитарна помош и да спаси животи. И во Германија престигнуваат сѐ повеќе воени бегалци од Украина. Германското министерство за внатрешни работи, во меѓувреме, има регистрирано 5000 бегалци од Украина.