1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

За секој ден по една маска

23 април 2020

Од денеска во Македонија, а од понеделник за сите германски покраини, важи обврска за носење заштитна маска заради спречување на ширење на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3bHU0
BdTD Behelfsmasken Coronavirus Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kästle

Овие седум рачно изработени заштитни маски на фотографијата, за секој ден во неделата по една, се закачени во канцеларија во Фридрихсхафен. Поради коронавирусот, во сите германски покраини, најдоцна од понеделник, 27. април, во јавниот превоз и во продавниците е задолжително носење маски кои ги покриваат носот и устата. 

Во Македонија пак обврската за носење заштитна маска на отворено важи од денеска, според одлуката на владата, донесена вчера.