Фотографија на денот: Завои на споменик во Бородјанка
8 април 2022Фотографија од една акција полна со симболика - активист во разурнатиот украински град Бородјанка ја витка со завои главата на споменикот на украинскиот поет, сликар и хуманист Тарас Шевченко. Споменикот е оштетен од шрапнели. Книжевното дело на Шевченко ги има поставено темелите за создавање модерна украинска литература, а неговата поезија има голем придонес во развојот на современиот украински јазик и будењето на украинската национална свест.
Бородјанка е еден од украинските градови кои се најмногу разурнати во регионот Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека во Бородјанка е „многу пострашно“ отколку во Буча. Украинската служба за цивилна заштита од средата (6.04) е во потрага по преживеани и жртви во Бородјанка.