1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Заштитна маска за глуви лица

22 мај 2020

Се насмевнува ли зад маската, или реагира со собирање на устата во знак на неодобрување? Носењето маски ја комплицира комуникацијата, посебно на глувите лица.

https://p.dw.com/p/3cbCF
BdTD Brasilien Schutzmaske für Gehörlose
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Magno

Носењето маски оневозможува да се видат реакциите на лицето на соговорникот. На глувите лица веројатно им е најтешко. За нив обврската за носење маски е речиси рамно на драма. Сега од Бразил доаѓа модел на маски кај кој делот кај устата е изработен од проѕирен пластичен материјал. Така глувите лица можат да го гледаат мрдањето на усните на својот соговорник. На #ФотографијаНаДенот Исабела Родсил позира со маска која е дело на ателје од културниот центар Ла да Фавелиња во Алгомерадо да Сера.