ЗдравјеЕвропа
Фотографија на денот: Казна од илјада евра за неносење маска
27 јули 2020Реклама
Првите остри казни се веќе изречени на сопственици на бар и фризерница во Салерно, јавија италијанските медиуми. Трговците кои нема да ја спроведуваат обврската за носење маски, ќе бидат соочени и со затворање на дуќаните во период од 5 до 30 денови. Властите во Кампанија стравуваат дека без драстични мерки, бројките на заразени со коронавирусот можат повторно да се вивнат во височина. До викендот во Италија од Ковид-189 починаа над 35 илјади луѓе, а со вирусот се инфицирани над 245.000 лица.