Фотографија на денот: Крај на Светскиот самит за климата
18 ноември 2017Реклама
Светската конференција за климата постигна чекор напред во реализирањето на Парискиот договор. По двонеделни преговори, финишот на климатскиот самит во Бон се оддолжи цела ноќ. До последен момент се спореше околу парите кои богатите земји треба да им ги дадат на сиромашните за заштита на климата и справување со последиците од климатските промени. На крај е постигнат договор околу спорните финансиски прашања. На #ФотографијаНаДенот: неколку учесници во кратките паузи од маратонските ноќни преговори пред плакат во павилјон на една од земјите-учеснички.