На протестите против расизмот уништени статуи на Колумбо
11 јуни 2020Реклама
Над три метри високата бронзена статуа беше турната од неколку десетици демонстранти. „Тоа беше исправно и беше вистински момент за тоа“, изјави демонстрантот Мајк Форсија. По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, во САД се разгоре дискусија за расната нееднаквост и полициската бруталност. Домородците во северна Америка го отфрлаат оддавањето чест на Колумбо, велејќи дека неговата експедиција во Америка овозможила колонизација и геноцид. Споменик на Колумбо во вторникот беше уништен и фрлен в море во Ричмонд, а во Бостон на статуата на морепловецот ѝ беше пресечена главата.