Насмевка на најстарата жена на светот
23 септември 2020Реклама
Танака е родена во 1903 година како седмо од девет деца. Кога се родила, уште не постоеле авиони на моторен погон. Уште во март 2019 година беше внесена во Гинисовата книга на рекорди како најстар жив човек на светот. Но, таа денеска со 117 години и 265 дена е и најстара жителка на Јапонија досега. Нејзиниот внук, кој и самиот има веќе 60 години, изјави: „Запрепастувачки е што уште може добро да зборува и може самата да јаде“.