1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Никогаш поблиску до Мундијалот

15 ноември 2021

Македонската фудбалска репрезентација продолжува да пишува историја. По настапот на Европското првенство, таа сега ќе игра и бараж за Светското првенство во Катар.

https://p.dw.com/p/42zZr
WM Qualifikation Nordmazedonien vs Island Jubel
Фотографија: Petr Stojanovski /DW

Ренесансата на македонскиот фудбал и натаму трае. Во летото што е зад нас најдобрата репрезентација за првпат учествуваше на едно Европско првенство, а сега само уште две победи ја делат од настап на едно Светско првенство. 

Избраниците на Благоја Милевски во вчерашниот решавачки натпревар во Скопје го победија Исланд со 3:1 и со тоа завршија на второто место во групата Ј, зад Германија.

Натпреварот за домашната екипа тешко можеше да започне подобро. Во 7. минута  Езџан Алиоски им донесе голема радост на сите присутни на  арената „Тоше Проески“.

Второто полувреме не започна најдобро за македонските љубители на фудбалот. Молк стадионот настана во 54. минута кога Јон Дагут Торштајнсон израмни за Исланд.

Потоа на сцена стапи Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи постигна два гола до крајот на натпреварот и на тој начин овозможи осигура настап на репрезентацијата во плејофот во март и и продолжување на сонот за пласман на Светското првенство во Катар.